Ново

Духовита и емотивна приказна за љубовта, пријателството и простувањето

02.06.2026.
Духовита и емотивна приказна за љубовта, пријателството и простувањето
Духовита и емотивна приказна за љубовта, пријателството и простувањето

Новиот роман „Срце, љубовникот“ од американската авторка Лили Кинг, позната и по романот „Писатели и љубовници“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“.

На последната година од студиите по книжевност, една студентка запознава двајца брилијантни студенти - Сем и Јаш, најдобри пријатели кои живеат надвор од кампусот, во куќата на нивниот професор. Вовлечена во нивниот опоен свет на интелект, брзи шеги и игри со карти, таа го добива прекарот Џордан - и брзо станува дел од кругот на љубовта, пријателството и амбициите. Но, страста брзо се претвора во сложен љубовен триаголник што ќе ги одбележи сите тројца. Децении подоцна, кога Џордан ќе го живее животот за кој отсекогаш сонувала, минатото ненадејно се враќа, па таа е принудена да се соочи со сопствените избори и заблуди од младоста. Срце, љубовник е и роман што реферира на изобилство литературни дела, нагласувајќи ја моќта на книжевноста за развојот на една личност.

Со својот препознатлив стил, Лили Кинг создава емотивна и интелигентна приказна за љубовта, пријателството, амбицијата и спомените што нè следат низ животот. Романот ги истражува сложените односи меѓу луѓето, влијанието на младешките одлуки и начинот на кој минатото продолжува да живее во нас, дури и кога мислиме дека сме го оставиле зад себе.

„Срце, љубовникот“ ќе ги привлече љубителите на современата книжевност, особено читателите што уживаа во „Писатели и љубовници“, романот со кој Лили Кинг освои бројни читатели ширум светот. Ова е книга за книжевноста, за љубовта и за животните избори што нè обликуваат, раскажана со топлина, суптилност и длабока човечност.

Романот „Срце, љубовник“ е достапен во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Oct.
Најнови изданија
По „Атлас на светот“, „Животни“ и „Моето тело“, популарниот серијал илустрирани книги за деца „Моите патувања&ldquo...
28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.03 MB