Ново

„Уметноста на трошењето пари“ од Морган Хаусел – светскиот финансиски бестселер конечно и на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

27.07.2026.
„Уметноста на трошењето пари“ од Морган Хаусел – светскиот финансиски бестселер конечно и на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“
„Уметноста на трошењето пари“ од Морган Хаусел – светскиот финансиски бестселер конечно и на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“

Новата книга „Уметноста на трошењето пари“ од авторот на светските бестселери: „Психологија на парите“ и „Исто како и секогаш“, Морган Хаусел,  излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Може ли парите навистина да нè направат посреќни? Одговорот не зависи само од тоа колку имаме туку и од тоа како ги користиме. Во „Уметноста на трошењето пари“, Морган Хаусел, еден од најчитаните современи автори за лични финансии, открива како да донесуваме помудри финансиски одлуки што ќе ни донесат повеќе мир, слобода и исполнетост.

По огромниот успех на „Психологија на парите“, книга продадена во милиони примероци низ светот, Хаусел повторно се занимава со најважното прашање поврзано со парите: како да ги користиме на начин што навистина го подобрува нашиот живот.

„Уметноста на трошењето пари“ не е класична книга со совети за буџети, за штедење или за инвестирање. Таа е книга за психологијата зад нашите избори – за емоциите, за навиките и за очекувањата што влијаат врз начинот на кој трошиме. Хаусел објаснува зошто толку често ги мешаме восхитот со зависта, удобноста со луксузот, а статусот со вистинската вредност.

Со својот препознатлив едноставен, мудар и пристапен стил, авторот покажува дека најдобрата инвестиција не секогаш е онаа што носи најголем финансиски принос, туку онаа што ни обезбедува душевен мир, повеќе време и подобар квалитет на живот.

Книгата открива зошто некои луѓе, без оглед на нивните приходи, никогаш не се чувствуваат доволно богати, додека други успеваат да создадат исполнет живот со внимателно избрани приоритети. Преку бројни примери и согледувања од секојдневниот живот, Хаусел нè поттикнува да размислиме што навистина ни носи среќа и како парите можат да станат алатка за подобар живот, а не извор на постојан притисок.

Морган Хаусел е наградуван автор и колумнист, чии книги се продадени во повеќе од 11 милиони примероци низ светот и се преведени на повеќе од 60 јазици. „Уметноста на трошењето пари“ веднаш по објавувањето се најде на листите на бестселери и беше препознаена како една од највлијателните нови книги од областа на личните финансии.

„Уметноста на трошењето пари“ е практична, инспиративна и современа книга за сите што сакаат да изградат поздрав однос со парите и да откријат дека вистинското богатство не се мери само со бројки, туку со квалитетот на животот што го живееме.

Книгата е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 550 МКД
8,90 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.59 MB