Ново

НОВО: Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ – лектира за 7. одделение

18.08.2026.
НОВО: Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ – лектира за 7. одделение
НОВО: Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ – лектира за 7. одделение

Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, која е лектира за 7. одделение. Книгата е дел од едицијата „Лесно читливо“, создадена за полесно и поинтересно читање и за совладување на лектирните  изданија.

Дополнително, книгата содржи речник со помалку познати зборови, кој им помага на учениците полесно да го следат текстот и да го збогатат својот речник, како и активности за работа на час, наменети за проверка на разбирањето и за обработка на прочитаното.

„Приказната за Доктор Дулитл“ го запознава читателот со Џон Дулитл, добар и благороден селски лекар кој има необична дарба – умее да разговара со животните. Неговата љубов спрема животните е толку голема што решава да ја напушти лекарската практика и да стане лекар за животни. Кога ќе дознае дека мајмуните во Африка се разболеле од сериозна болест, Дулитл тргнува на далечно патување за да им помогне.

Во оваа авантура го придружуваат неговите верни животински пријатели – папагалот Полинезија, бувот Ту-Ту, патката Даб-Даб, песот Џип, прасенцето Габ-Габ и мајмунот Чи-Чи. Низ нивните доживувања, книгата зборува за пријателството, за храброста, за сочувството и за љубовта спрема животните, претворајќи ја лектирата во забавно и во поучно читателско искуство.

„Приказната за Доктор Дулитл“ е достапна во книжарниците на Литература.мк, како и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.08 MB