Вести

ВТОРИОТ ТИРАЖ ОД ТОРОНТО ЕКСПРЕС Е ВО ПРОДАЖБА

08.01.2022.
ВТОРИОТ ТИРАЖ ОД ТОРОНТО ЕКСПРЕС Е ВО ПРОДАЖБА

За само три недели се распродаде првиот отпечатен тираж од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов - Ѕоф. Книгата е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина - публикации“, а со купување на книгата читателите добиваат и бесплатен ваучер за истоимената театарска претстава која се игра во Македонскиот народен театар, со Александар Микиќ во главната улога и во режија на Јордан Симонов. Овој спој на книга и театар, како што вeли авторот, има за цел да ја промовира македонската култура.

„Овој текст претставува прв обид да се спојат книгата и театарот. Уште на самиот почеток, сите три страни, јас како автор, издавачот „Арс Ламина” и Македонскиот Народен Театар, се договоривме да го сработиме овој проект без профит, со една единствена цел – промоција на македонската култура. Продадениот прв тираж и распродадените театарски претстави кажуваат дека сме успеале. Мене како автор овој успех ме прави посебно среќен затоа што, заедно со издавачот, го повторивме минатогодишниот успех кога романот 'Тито, мојот претпоследен херој' стана хит и беше печатен во неколку тиражи“, рече Sоф.

„Торонто експрес“ е ново, дополнето издание на популарната книга и литературен првенец на Ѕоф, „Тибам штркот“, а илустрациите на корицата и во внатрешноста на книгата се на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо. Делото претставува документаристичка стрип-проза; еден вид фотонарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин.

Вториот тираж од книгата е отпечатен и е веќе достапен во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14766.

Во промотивниот период, со секој купен примерок од книгата „Торонто експрес“, во книжарниците „Литература.мк“, следува ваучер за влезница за некоја од изведбите на претставата „Торонто експрес“. Ваучерите можат да се заменат за влезници во билетарницата на МНТ.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6 MB