Вести

Арс Ламина ги награди најдобрите на конкурсот Jас сум пријател на децата во болница во организација на Здружението САНО

06.03.2022.
Арс Ламина ги награди најдобрите на конкурсот Jас сум пријател на децата во болница во организација на Здружението САНО

Неколку стотици ученици од основните и средните училишта од цела Македонија учествуваа на креативниот конкурс на тема „Jас сум пријател на децата во болница“ во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа САНО – Скопје.

Победниците беа наградени со дипломи и книги во издание на „Арс Ламина“, на настан што се одржа на 5 март (сабота) во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Ист гејт мол“.

Конкурсот се одржа со цел да се даде меѓуврсничка поддршка на децата згрижени во болниците, со намера да им се олесни процесот на лекување и да им се даде надеж за побрзо закрепнување. Учениците од основните училишта учествуваа со ликовни творби, а средношколците со есеи на оваа тема.

– За време на конкурсот, нашите електронско и поштенското сандаче беа преполни со љубов, шаренило и желби за подобро здравје, кои беа пренесени на хартија. Тие пристигнаа по повод најзначајниот ден за нас и за децата кои се борат со малигни болести, 15 февруари – Меѓународниот ден на децата болни од рак. Цртежите беа толку прекрасни, што наместо три награди, со помош на издавачката куќа „Арс Ламина“ сепак решивме да наградиме десет творби – велат од САНО.

Изборот на најдобрите во ликовниот дел од конкурсот го направи жири во состав: проф. д-р Ана Фрицханд, Јелена Димовска – претседателка на САНО, и Фима Трајковска, волонтерката и етнолог.

Во оваа категорија наградени се: Деспина Спасеновска – OОУ „7 Марси“ – с. Челопек, Мелани Пишовска – OОУ „Кочо Рацин“ – с. Брвеница, Сара Цветановска – 8-б одд., OОУ „Невена Георгиева-Дуња“, Ѓурѓица Стојанова од с. Јосифово, Валандово, Јасмина Диздаревиќ – 8-а одд., OОУ „Мирче Ацев“, Теа Јано – 1-в одд., ООУ „Мирче Ацев“, Елена Кузманова – OОУ „Блаже Конески“ – Велес, Мелани Савовска – OОУ „Гоце Делчев“, Сара Николова – OОУ „Крсте Петко Мисирков“ – с. Оризари и Ива Јосифоска – OОУ „Гоце Делчев“ – Прилеп.

Тие добија книги од едицијата со читанки „Лесно читливи лектири“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Средношколците, пак, на дело покажаа колку се вешти со зборови. Емпатијата, љубовта и надежта преовладуваа во стотиците есеи што пристигнаа на адресата на САНО. Тинејџерите покажаа како треба да се биде вистински другар на децата во болница. Селекцијата на победници ја направи комисијата во состав: Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“, Марија Тасев од здружението САНО и Сашо Серафимовски.

Првонаградени во литературниот дел од конкурс се: Јелопи Седеу Нишевиќ – II год. при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ и Ана Кристина Стамкова – III-5 во СОУ „Богданци“ од Богданци. На втората позиција се: Сара Стамкова – I-9 клас при СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, Ана Трпевска – ученичка во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје и Анастасија Анѓеловска – IV-11 при СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово. Третото место го делат: Анѓела Драган – клас III-2 при СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес и Јана Ангеловска – ll-7, СУГС гимназија „Никола Карев“ – Скопје. Пофалени во оваа категорија се: Ведрана Петрова од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје, Габриела Костевска – III-5 при СОУ „Богданци“ – Богданци и Јована Јосифоски.

– Творбите пристигнати на конкурсот „Јас сум пријател на децата во болница“ се литерарна артикулација на љубовта, грижата и желбите на средношколците да им го разубават секојдневието на овие деца, да им дадат морална поддршка и да ги охрабрат. Во тој контекст, во нивните творби преовладуваат наративи што повикуваат на подигнување на јавната свест и емпатијата кон болните деца и нивните семејства. Тие се проактивни; вербализирајќи ги своите најблагородни пориви, даваат личен пример или, пак, посочуваат конкретни идеи и решенија. Фикционализирано или доживеано, средношколците создале сериозен и исклучително квалитетен корпус текстови што резонираат сериозни пораки. Читањето на нивните творби за мене беше емотивно, но и длабоко инспиративно искуство и сигурна сум дека нивните творби ќе ги развеселат децата соочени со сериозни здравствени предизвици – истакна Татјана Димовска-Атанасова.

За наградените, издавачката куќа „Арс Ламина“ обезбеди сетови со книгите за млади: Најдобрите во оваа категорија добија сетови од популарните серијали за млади: „Црвена кралица“ од Викторија Авејард („Црвена кралица“, „Стаклен меч“ и „Кралски кафез“), трилогијата „Темната граѓа“ од Филип Пулман („Поларна светлина“, „Килибарниот дурбин“, „Суптилниот нож“) и серијалот „Јас сум Миа“ од Јана Мишо („Јас сум Миа“, „Миа во Амстердам“, „Новогодишна епизода“).

Пофалените добија инспиративни романи од млади домашни автори: „Архангел – ослободување на ѕверот“ од Даниел Бибовски и „Светлината на Сатурната“ од Кристина Димовска.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
27.
Apr.
Вести
Во прекрасниот и инспиративен амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во петокот (24 април) беше промовирана книгат...
26.
Apr.
Вести
Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, во с...
22.
Apr.
Вести
На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваш...
18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.05 MB