Вести

Сликовницата Девојчето и градот од Ване Костуранов објавена на португалски јазик

17.06.2022.
Сликовницата Девојчето и градот од Ване Костуранов објавена на португалски јазик

Книгата за деца „Девојчето и градот“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов деновиве излезе од печат и на португалски јазик, со наслов „A Menina e a Cidade“. Книгата ја објавува португалскиот издавач „Алфароба Едисоенж“ (Alfarroba Edições).

Сликовницата првично беше објавена во 2020 година, на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Во „Девојчето и градот“ се раскажува приказна за едно девојче, кое живее во еден сивкав град, во кој веќе одамна не доаѓаат сонцето, птиците, пеперугите... Еден ден, талкајќи по улиците полни со луѓе, девојчето ќе се загуби и сосема неочекувано ќе се најде пред една огромна шума, во која ќе открие работи што ќе ѝ го променат животот од корен.

По објавувањето на книгата Костуранов изјави дека приказната настанала во обидот да се справи со сивилото на нашето секојдневие, особено во зимскиот период, кога сите имаме горчливо чувство во устата од загадениот воздух. Од градовите во кои доминираат сите можни нијанси на сивата боја, а зелените површини се метаморфозираат во бетон. Од страшното сознание дека изгубивме целосен контакт со природата, а со тоа го изгубивме и контактот со себеси...

– Градот во очите на девојчето е соголен од сите фасади, прикриени и невидливи работи, кои се наше секојдневие. Девојчето јасно го гледа градот кој е преполн со луѓе, а сепак сите се осамени. Таа навидум доаѓа од и му припаѓа на градот, но таму не наоѓа ништо заедничко. Детската способност да се согледуваат работите од различни димензии и перспективи не само што е фасцинантна туку во повеќето случаи открива и многу вистини. А вистината е дека во нашите градови сивата боја доаѓа во безброј нијанси, а поради тоа сѐ почесто нѐ одминуваат сонцето, птиците и пеперугите... Оваа приказна со години ми се моткаше во главата и почна да се појавува на моите слики уште пред неколку години, но, еве, сега дојде ред да ја раскажам и во форма на книга – изјави авторот.

Ване Костуранов е роден во 1979 година во Струмица, каде што живее и работи. Автор е на сликовниците: „Sвездено дете“ (2018), „Девојче и мече“ (2019), „Девојчето и градот“ (2020) и „Рекичето што сакаше да порасне“ (со текст на Ана Торма, 2022), кои се во издание на „Арс Ламина“. „Sвездено дете“ и „Девојче и мече“ освоија први награди за најдобро ликовно-графички уредени изданија на Саемот на книгата во Скопје, во 2018 и 2019 година, а „Девојчето и градот“ – трета награда во истата категорија на Саемот на книгата во Скопје, следната, 2020 година. „Девојче и мече“ се најде на престижната листа „Вајт рејвенс“ во 2019 година, селектирана од Интернационалната младинска библиотека (International Youth Library) од Минхен. Сликовниците на Ване Костуранов се преведени и издадени на српски, хрватски, корејски, турски и германски јазик. Коавтор е на сликовницата „Мирко Немирко“ (Staško Nestaško), по текст на Ана Ѓокиќ, која на македонски јазик ја објави „Арс Ламина“ и која го освои второто место во категоријата за најдобро ликовно-графички уредено издание на годинашното доделување на престижните книжевни награди на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ). Автор е и на илустрациите на „Јaс“ (Ja), по текст на Даниела Павлек, издадена од Здружението „Креативна мрежа“ во Хрватска. Како илустратор е потпишан и на голем број корици на книги за македонски изданија. Во мај оваа година одржа изложба и работилница на Меѓународниот фестивал за сликовници „Овца во кутија“, што се одржа во Нова Градишка, Хрватска.

Сликовницата „Девојчето и градот“ на македонски јазик е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13692

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
27.
Apr.
Вести
Во прекрасниот и инспиративен амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во петокот (24 април) беше промовирана книгат...
26.
Apr.
Вести
Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, во с...
22.
Apr.
Вести
На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваш...
18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.21 MB