Вести

Влада Урошевиќ е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

21.03.2023.
Влада Урошевиќ е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата
Влада Урошевиќ е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата

Писателот академик Влада Урошевиќ е годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП). Лауреатот го соопшти професорката Елизабета Шелева, претседателка на Управниот одбор на поетскиот фестивал денеска на прес-конференција во Националната универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во исто време, во Париз, во седиштето на УНЕСКО, за признанието се заблагодари академик Урошевиќ. Тој е трет македонски автор кој го добива Златниот венец, по Блаже Конески во 1981 година и Матеја Матевски во 2011 година.

Денеска се слави Светскиот ден на поезијата, 21 март, а во Париз се одржува целодневна програма во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов. По прогласувањето на лауреатите на СВП, во НУБ „Св. Климент Охридски“ беа прочитани поетските посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија.

Инаку, Влада Урошевиќ минатата недела ја доби престижната книжевна награда Роман на годината за 2022 година, за неговата нова книга „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, која е во издание на „Арс Ламина“.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под едицијата „Македонски книжевни класици“, објави уште три негови евергрин-дела „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“. Четирите книги беа промовирани неодамна на свеченост во киното „Фросина“.

 

Влада Урошевиќ (17.10.1934, Скопје) е еден од најпознатите македонски книжевни и културни дејци. Твори во речиси секој жанр и во секоја форма: поезија, расказ, роман, есеј, патопис, книжевна и ликовна критика, книжевна теорија и превод. Дипломира на Филозофскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во родниот град. Во 1982 година е избран за доцент на новоотворената Катедра за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при УКИМ, каде што докторира во 1987 година. На истата катедра држи курсеви по историја на европските литератури од 19 и 20 век. Покрај професорската кариера, работи и како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје и како уредник на списанието „Разгледи“. Неговото творештво е обемно и разновидно. Почнувајќи со „Еден друг град“ (1959), објавува 11 збирки поезија, како и шест романи: „Вкусот на праските“ (1965), „Мојата роднина Емилија“ (1994), „Дворскиот поет во апарат за летање“ (1996), „Дива лига“ (2000), „Невестата на змејот“ (2007), „Маџун“ (2018). Зад себе има три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите за македонските писатели и две книги за фантастиката во сликарството. Се афирмира и како антологичар на повеќе изданија. За своите дела и преводи е добитник на многубројни награди и признанија: трипати на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на „Струшките вечери на поезијата“, двапати на наградата „Стале Попов“, двапати на наградата „Григор Прличев“ за најдобар препев. Освен домашните, носител е и на неколку странски признанија. За својот книжевен и преведувачки опус, пак, именуван е првин за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред од Владата на Република Франција. Книгите на Влада Урошевиќ се преведени на повеќе јазици: англиски, бугарски, германски, дански, полски, руски, словенечки, српски, хрватски, француски и шпански.

Повеќе за доделувањето на наградата Роман на годината 2022 прочитајте на следниот линк: https://blog.literatura.mk/2023/03/15/noviot-roman-na-vlada-uroshevic-proglasen-za-roman-na-godinata-za-2022/

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 23.94 MB