Вести

Први април во Кафе Литература: Маскирај се како омилениот лик од книгите

27.03.2023.
Први април во Кафе Литература: Маскирај се како омилениот лик од книгите

Омилените ликови од најпознатите книги за деца, со помош на детската фантазија и креативност, ќе продефилираат на Литературниот маскенбал што ќе се одржи оваа сабота (први април) од 11 до 12 часот во „Кафе Литература“ во „Ист гејт мол“.

Хари Потер, Хермиона Грејнџер, Исидора Мун, Мирабела, Кити, Шерлок Холмс, Тото мачката-нинџа, Матилда, Алиса, Мери Попинс, Грдото пајче, се само дел од главните протагонисти од омилените приказни што можат да бидат инспирација за првоаприлската маска за сите деца (но, и за нивните родители). На дружбата под маски децата ќе можат да се фотографираат со поставката со омилените ликови од книгите во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, по што ќе следува подарок книга.

Денот на шегата, или Денот на сите шегаџии, е еден од највеселите денови во годината, кога луѓето од сите генерации се добро расположени, кажуваат вицови и шеги. За доброто расположение на овој ден придонесува и маскирањето. Тоа е ден кога децата, но и возрасните, за миг ја напуштаат реалноста и со помош на маските влегуваат во светот на фантазијата, смеата и веселбата. А таков е светот и на книгите, волшебен, шарен и разигран. На Денот на шегата можеме да ја покажеме својата креативност и да се преправиме во некој смешен, страшен или, пак, препознатлив лик од реалноста, но и од светот на филмовите, стриповите, сериите и, секако, книгите.

Во што ќе се маскирате вие и вашите најмили овој први април?

Доколку сè уште не сте одлучиле, можете да ги разгледате изданијата за деца од „Либи“, кои се достапни во „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

За дополнителна инспирација погледнете ги нашите идеи за првоаприлска маска.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.02 MB