Вести

Издавачката куќа Арс Ламина се приклучи кон акцијата за донација на книги за училишните библиотеки во општина Центар

23.04.2021.
Издавачката куќа Арс Ламина се приклучи кон акцијата за донација на книги за училишните библиотеки во општина Центар

Издавачката куќа „Арс Ламина“ беше дел од акцијата на општина Центар за донација на книги на македонски и англиски јазик за општинските основни училишта. Повод за оваа донација беше 23 април, Светскиот ден на книгата и авторските права и целта беше збогатување на библиотеките, а со тоа и читањето и љубовта кон книгите кај основците.

- Имајќи ја предвид новонастанатата ситуација предизвикана од глобалната здравствена криза и од вонредните околности што го наметнаа онлајн-учењето и секојдневното користење на дигиталните платформи за комуникација во училиштата, оваа иницијатива претставува позитивен пример за моќта на книгата, како важен аспект за правилен интелектуален и емоционален развој на личноста кај децата – истакна градоначалникот Саша Богдановиќ.

„Арс Ламина“ донираше голем број книги за деца меѓу кои и изданија од наши автори „Игра со именки“, „Игра со глаголи“, „Мариовски сказни – Пејови приказни“, „Преминот не е осветлен“, „Шарам-барам“ и многу други. Секако, не беа изоставени и бестселерите од светот на детската книжевност како „Хари Потер и Каменот на мудроста“, „Мери Попинс“, „Авантурите на Хаклбери Фин“ и голем број други изданија.

- Како општествено-одговорна компанија секогаш со задоволство се вклучуваме во ваков тип на иницијативи. Со оглед дека учениците минуваат исклучително тешка учебна година и сосема веројатно го губат допирот со книгите, дониравме голем број на изданија кои ќе ја разгорат нивната љубов кон литературата – истакна Александра Лукиќ – Камиловска, маркетинг-менаџер во „Арс Ламина“.

Во акцијата се вклучија шест издавачки куќи, книжарници и компании од цела земја и севкупно беа донирани 1000 книги за основните училишта во општина Центар.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6 MB