Вести

Отворен конкурсот за наградата ПЕГАЗ за најдобар необјавен роман за 2021 година

27.04.2021.
Отворен конкурсот за наградата ПЕГАЗ за најдобар необјавен роман за 2021 година

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат третиот конкурс за книжевната награда ПЕГАЗ за најдобар необјавен роман за 2021 година. За наградата можат да конкурираат сите заинтересирани автори со свои необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца, напишани на македонски јазик со кирилично писмо. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават во електронска форма (во „ворд“ или во ПДФ-формат), на следната е-пошта: pegaz@arslamina.com. Авторите се должни да остават валидна е-адреса и телефонски број за контакт, на кои ќе бидат достапни и непречено ќе комуницираат со организаторите на конкурсот. Конкурсот ќе биде отворен до 31 мај 2021 година.

Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од двајца релевантни и реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот. Наградата ПЕГАЗ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 29 октомври 2021 година. Доколку и некој друг ракопис биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ- и треторангираните романи.

На минатогодишното, второ издание на наградата ПЕГАЗ, пристигна 61 ракопис, а првото место го освоија Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ и Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“. Во 2019 година, пак, победи ракописот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук, a дополнително „Арс Ламина“ го објави и романот „Курвински хроники“ на Александар Русјаков, кој беше позитивно оценет од стручното жири.

Наградата ПЕГАЗ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6 MB