Вести

44 ракописи во трка за наградата Пегаз за 2021 година

09.06.2021.
44 ракописи во трка за наградата Пегаз за 2021 година

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава по третпат го организираат конкурсот за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината. Конкурсот беше отворен на 28 април и траеше до 31 мај. И оваа, како и претходните две години, одѕивот беше голем, па така, годинава, во конкуренција за наградата ќе бидат 44 ракописи. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена жири-комисија, во состав: д-р Владимир Мартиновски, универзитетски професор на катедрата по општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Фросина Пармаковска, писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година, и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“.

– Наградата „Пегаз“ има цел да открива нови и квалитетни писатели кои би поставиле критериум за книжевните вредности што треба да бидат показател за напредокот на македонската книжевност и култура. И оваа година имавме добар одѕив, дури и во периодот на пандемија, што ни покажува дека на нашата книжевна сцена има голем творечки потенцијал и дека „Пегаз“ постепено и амбициозно го гради својот имиџ на важен учесник во унапредување на романсиерската продукција од домашни автори – изјави Бранка Бугариска, директор на издаваштво во „Арс Ламина“.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

– Наградата „Пегаз“ не само што го зацврсти своето место на македонската книжевна сцена туку во ова свое релативно кусо опстојување сосема ги оправда целите заради кои беше воспоставена. Имено, од досегашното искуство можеме да заклучиме неколку работи. Првенствено дека македонската романсиерска продукција е во постојан подем, но и дека голем број квалитетни ракописи од најразлични причини не можат да го пронајдат својот пат до читателите. Во таа смисла, наградата „Пегаз“ игра значајна улога во промовирањето на македонската романсиерска продукција, стимулацијата на авторскиот труд, но пред сѐ во понудата на квалитетни дела до читачката публика. Се надеваме дека квалитетот на пристигнатите ракописи и годинава ќе ги достигне високите критериуми што оваа награда ги промовираше досега – вели авторот и новинар Ѕвездан Георгиевски од Фондацијата „Славко Јаневски“.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 29 октомври 2021 година. Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ- и трето-рангираните романи.

На минатогодишното издание на „Пегаз“ пристигна 61 ракопис. Беа избрани два победнички романа, „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески, кои беа објавени во посебна едиција, а во подготовка се уште неколку романи што од жирито добија позитивна оценка и препорака за објавување.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
27.
Apr.
Вести
Во прекрасниот и инспиративен амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во петокот (24 април) беше промовирана книгат...
26.
Apr.
Вести
Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, во с...
22.
Apr.
Вести
На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваш...
18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
22.
Feb.
Вести
Инспирирана од музиката на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, авторката и музиколог Тина Иванова ја креирала приказната за сликовницата „М...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.2 MB