Вести

„Среќен како Наи“ е инспиративна приказна за љубовта, прифаќањето и детската радост

07.02.2026.
„Среќен како Наи“ е инспиративна приказна за љубовта, прифаќањето и детската радост
„Среќен како Наи“ е инспиративна приказна за љубовта, прифаќањето и детската радост

Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, вчеравечер (6 февруари) во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ се одржа промоцијата на инклузивната сликовница „Среќен како Наи“ од авторката Ана Салџиева и илустраторот Томи Џуровски. Покрај авторскиот тим, за значењето на книгата зборуваше и психологот Бојана Стојменовиќ. Настанот беше дел од шестото издание на продажната акција и манифестација „Денови на литературата“, која се одржува од 5 до 22 февруари, во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на www.literatura.mk.

„Среќен како Наи“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е инклузивна сликовница што нè води низ светот на едно дете родено со физичка разлика (limb difference) и ни покажува дека неговото секојдневие е исполнето со радост, игра и љубопитност – исто како и кај секое друго дете. Со силна лична потреба да ја преточи инклузивноста во приказна, да им подари на своите деца алатка за самодоверба и љубов кон себе и да им покаже дека различноста е дел од светот што заслужува да биде виден и прифатен, Ана Салџиева ја напишала својата прва книга – „Среќен како Наи“.

– Приказната за Наи е длабоко лична и произлезе од моето мајчинство. Таа е инспирирана од мојот син Јан, кој е роден со конгенитална хипоплазија на рака. Заедно со неговата сестра близначка Мила секоја вечер се препуштаме на магијата на книгите, но во многуте наслови не постоеше сликовница во која Јан можеше да се препознае и да се види себеси. Тоа ме поттикна да ја создадам оваа книга – за да му покажам дека неговата различност е вредност, а не пречка. Сакам преку Наи да ги охрабрам и другите деца и родители да ја прифатат различноста како нешто природно, убаво и нормално. Верувам дека секое дете заслужува да се види во светот што го чита. Името Наи е варијација од името Јан, но и од прилогот „нај“, како скриена порака дека сите треба да веруваме дека сме најдоброто, најубавото и најхраброто – да веруваме во себе и да се сакаме онакви какви што сме. Јан е горд и среќен што со оваа сликовница сите негови другарчиња имаат книга во која можат да го препознаат. Тој е едно искрено среќно дете, со среќно раче и заразна позитивна енергија – рече Салџиева, која по професија е графички дизајнер, а моментално работи како маркетинг-директор.

Таа истакна дека главната порака на книгата е ширење љубов и разбирање и повик да бидеме нежни едни кон други. Книгата е објавена пред неколку месеци и во меѓувреме стекна голем број читатели. Салџиева вели дека ја радува и охрабрува фактот што „Среќен како Наи“ веќе е дел од омилените книги во многу детски библиотеки, а реакциите од читателите ѝ даваат мотив и сила да продолжи.

На илустраторот Томи Џуровски, со кого се познаваат одамна, Салџиева вели дека без двоумење му ја доверила задачата да ја оживее нејзината приказна. Веќе со првите скици ја почувствувала енергијата на Јан и изрази голема благодарност за автентичноста и емотивноста со која е претставен ликот.

Томи Џуровски е илустратор, аниматор, уметнички директор и косопственик на студиото за мобилни игри „Furious Avocado“, коавтор на глобалниот хит „Tie Dye“ и уметнички директор на анимираната серија „Буквождер“.

Тој истакна дека му е особено драго што Ана Салџиева го поканила да работат заедно на проектот, бидејќи темата е длабоко лична, а довербата што му била укажана му дала дополнителна одговорност и инспирација. Преку илустрацијата сакал верно да ја пренесе емоцијата на главниот лик и замислата на авторката, но и да ја нагласи потребата од повеќе вакви проекти што ја слават различноста.

- Како и на сите проекти, и тука пристапив со целосна посветеност и љубов, приспособувајќи го пристапот на специфичниот сензибилитет и потребите на приказната. Посебно ми значеше соработката со Ана, бидејќи темата е важна и недоволно застапена кај нас, па вложив дополнителна грижа таа да биде прикажана на детски, разигран и топол начин... Од самиот почеток Ана имаше јасно подготвен текст, кој овозможи лесно да се издвојат клучните моменти на приказната... Најсилната инспирација дојде од фотографиите и видеата од вистинскиот лик по кој е создаден Наи – Јан. Токму тие ми помогнаа низ илустрацијата да ја пренесам ведрината, радоста и искрената детска емоција што ја носи ликот – рече Џуровски.

Паралелно со одржување на оваа промоција, во „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“, пак, се одржа и работилница за изработка на макети со Revell, во соработка со Макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски-Микс“.

За време на викендот, во рамките на „Денови на литературата“, посетителите ги очекува богата програма за деца: дружби со маскоти од омилените анимирани ликови, креативни работилници, семејни игри, магија со Marvin’s Magic и илузионистот Кристиан Шопов, како и театарска претстава и промоција на книгата „Златната книга на Лудви“ од Тина Иванова, со илустрации на Рената Јосифовска.

Програмата на „Денови на литературата“ можете во целост да ја проследите на следниот линк: https://www.literatura.mk/denovinaliteraturata

Во рамките на продажната акција се нудат попусти на книги до 70 %, од 17 македонски издавачки куќи. Секој ден на онлајн-продавницата www.literatura.mk ќе има специјален, дополнителен еднодневен попуст на книги. Со купени книги во вредност од минимум 1.500 денари следува грепка со подарок. Секоја грепка е добитна!

Попустите можете да ги проследите ТУКА

Еднодневните специјални попусти се достапни на следниот ЛИНК

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

10.
Dec.
Вести
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во &bdquo...
18.
Nov.
Вести
Издавачката куќа „Арс Ламина“ и оваа година ги поддржа Детските Рацинови средби во Велес.
14.
Nov.
Вести
Доајенот на македонското спортско новинарство и автор, Зоран Михајлов, е добитник на престижната награда „13 Ноември“ за првата биографија посвет...
06.
Nov.
Вести
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име,...
30.
Oct.
Вести
Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафаз...
22.
Oct.
Вести
Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијација...
17.
Oct.
Вести
На денешен ден, 17 октомври 1934 година, во Скопје е роден големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологича...
09.
Oct.
Вести
Наградуваната книга „Се викам Храброст“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на...
15.
Sep.
Вести
Новата книга „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски, ќе биде промовирана на 18 септември (четврток), во 1...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Кривата Дијана (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска, е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за на...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.09 MB