Вести

Извадок од „Спортски стории“ : Сеќавање на Зимската олимпијада во Сараево во 1984 година

07.02.2026.
Извадок од „Спортски стории“ :  Сеќавање на Зимската олимпијада во Сараево во 1984 година
Извадок од „Спортски стории“ :  Сеќавање на Зимската олимпијада во Сараево во 1984 година

По повод отворањето на 25. Зимски олимписки игри, кои вчеравечер официјално започнаа во Милано и Кортина, споделуваме извадок од книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ на истакнатиот спортски новинар и коментатор Зоран Михајлов. Во овој дел сеќаваме на отворањето на Зимската олимпијада во Сараево во 1984 година и значајните моменти од тогашните спортски настани.


Сеќавање на Зимската олимпијада во Сараево во 1984 година

ИДИЛАТА ПРЕТВОРЕНА ВО ТАЖНА НОСТАЛГИЈА

Олимпијадата во Сараево од целиот свет беше  оценета како една од најубавите и најидилични зимски собири. Подоцнежните воени дејства во БиХ кај сите што беа присутни на Олимпијадата придонесоа на неа да се сеќаваат со тага. Кирк  Даглас и астрономската сметка во Баш чаршија. Комплименти за тимот на тогашна ТВ Скопје.

Во олимписката 1984 година сè уште се одржуваа двете олимпијади – летната и зимската – во иста година. Летната беше во  Лос Анџелес, а зимската – која за нас е многу интересна – се одржа во Сараево. Велам, многу интересна за нас, од проста причина што тогаш бевме жители на една држава – Југославија – и беше нормално секој од нас да се чувствува како да е дел од таа грандиозна манифестација.

Новинарите, пак, бевме во центарот на вниманието, зашто нашите колеги од целиот свет во нас гледаа личности кои можеа да им помогнат, да ги упатат и да им ги от кријат сите непознати нешта. Тие се интересираа за сè и сешто,  но најмногу за Баш чаршија, за нејзината историја, за животот  во неа, за убавините и традициите што ги криеше таа, заедно со сè она што беше карактеристично за градот домаќин. Посебно  беше потенциран соживотот во Сараево, тоа дури беше нешто  со што се фалевме, без да претпоставиме што ќе се случи осум  години подоцна. Така, за дотогаш најубавата Зимска олимпија да, што беше оценка на целиот свет, на следните вакви собири  сеќавањата се претворија од идилична во тажна носталгија...

Шпиљак утна, Крижај го извади, Јуре Франко со медал

На сараевската Олимпијада, пак, свеченото отворање беше приказна за себе. На популарниот стадион „Кошево“ сè беше беспрекорно, освен поздравниот говор на Мика Шпиљак, тога

шен претседател на Сојузот на синдикатите на Југославија. Се сплетка токму тогаш кога требаше да се постигне максимален ефект. Тој и онака не беше познат по течното говорење, нешто

промрмори, којзнае што рече, но одекна аплауз, странците и не разбраа што изговори и Олимпијадата беше отворена. Ако ништо  повеќе, тој дел од говорот тие можеа да го прочитаат преку прет ходно подготвениот превод на големиот семафор, па така за нив  сè беше како што треба. За нас, пак, остана отворено прашањето дали покрај толкуте гласноговорници што ги создаде системот, токму тој требаше да биде најекспонираниот во најчувствител ниот дел на отворањето на спектаклот. Но, никој не можеше да  противречи на решенијата што доаѓаа од врвот на ЦК. Со спортистот, пак, кој требаше да ја положи заклетвата за фер и спортска борба од името на сите учесници на игрите, немаше проблем. Иако понекогаш изгледа повлечено, дури и срамежливо, Бојан Крижај си ја заврши задачата на највисоко ниво. На Олимпијадата, барем што се однесува на оној натпреварувачки дел, се сеќавам како да беше вчера, на машкиот спуст кој   по трите одложувања поради големите снежни врнежи, конечно се одржа, иако беше малку магловито. Тука се случи и најголе мото изненадување во алпските дисциплини. Неочекувано победи 17-годишниот Американец Вилјем Бил Џонсон, кој ја разби фаворизираната австро-швајцарска фаланга. Новинарите тогаш напишаа: „Младиот Бил како да излезе од маглата на Бјелашница и им одржа лекција на фаворитите“. Навистина беше така. Но, како што се појави молскавично, така брзо и замина од скијач ката сцена, за повторно да им остави простор на Европејците да се наттркуваат во најбрзата и најопасна алпска дисциплина. Од Југословените сите аплаузи ги собра Словенецот Јуре Франко, кој со освојувањето на сребрениот медал во велеслаломската трка  беше најуспешен домашен спортист.

И еден детаљ што сметам дека треба да биде регистриран: комплетната екипа на Телевизија Скопје, предводена од режисерите  Скендер Кули и Сашо Панов, на највисоко ниво ги реализираше преносите од атрактивните хокејски натпревари во салата „Скендерија“.  Се добиваше впечаток, сите што беа вклучени во  преносите како со години да го работеле тоа, иако ова им беше прв ваков испит. Но, големата професионалност и ентузијазмот кај секој член од тимот не можеа да останат без резултат. За разлика од тогаш, сега е многу поинаку, тоа гледачите најубаво го чувствуваат..

Книгата „Спортски стории“ е достапна во книжарниците на Литература.мк, и онлајн преку www.literatura.mk

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

07.
Feb.
Вести
Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, вчеравечер (6 февруари) во „Литература.мк“ во &bdquo...
10.
Dec.
Вести
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во &bdquo...
18.
Nov.
Вести
Издавачката куќа „Арс Ламина“ и оваа година ги поддржа Детските Рацинови средби во Велес.
14.
Nov.
Вести
Доајенот на македонското спортско новинарство и автор, Зоран Михајлов, е добитник на престижната награда „13 Ноември“ за првата биографија посвет...
06.
Nov.
Вести
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име,...
30.
Oct.
Вести
Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафаз...
22.
Oct.
Вести
Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијација...
17.
Oct.
Вести
На денешен ден, 17 октомври 1934 година, во Скопје е роден големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологича...
09.
Oct.
Вести
Наградуваната книга „Се викам Храброст“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на...
15.
Sep.
Вести
Новата книга „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски, ќе биде промовирана на 18 септември (четврток), во 1...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.1 MB