Вести

„Со една четка два зајака“ на Владимир Мартиновски - поетски и симболички каталог на животните

12.02.2026.
„Со една четка два зајака“ на Владимир Мартиновски - поетски и симболички каталог на животните
„Со една четка два зајака“ на Владимир Мартиновски - поетски и симболички каталог на животните

Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски го создаде автентичниот поетски бестијариум „Со една четка два зајака“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (11 февруари) во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на манифестацијата „Денови на литературата“. Настанот беше збогатен со поетско читање на Мартиновски и Биљана Стојановска.

Стихозбирката „Со една четка два зајака“ претставува поетски и симболички каталог на животните, преку кои се изразуваат човечки особини, морални идеи, егзистенцијални прашања и поетски визии на Мартиновски. Книгата се состои од поетските циклуси: „Зооминијатури“, „Жив(отн)и песни“, „Летни соништа (на хибридни чудовишта)“, „Скици за една зооисторија на уметноста“ и „Претопувања“.  Во сите овие песни доминира чувството на блискост меѓу светот на фауната и светот на човекот, како и потребата од нивно заемно разбирање и почитување.

- „Со една четка два зајака“ е поетско надоврзување на долга низа книжевни дела од автори, како Хомер, Сервантес, Апулеј, Едгар Алан По и други, кои во своето творештво се инспирирани од животните – од нивното присуство како мотив и симбол. Воедно, книгата се надоврзува и на македонската книжевна традиција - животните се присутни  во делата на Блаже Конески, Ацо Шопов и други. Би сакал да им се заблагодарам на сите тие автори кои ме инспирирале, бидејќи станува збор за една универзална љубов на луѓето кон другите форми на живот. Дел од стиховите се инспирирани од посетите на зоолошките градини низ светот, од моето детство, но и од патувањата со моите синови. Каде и да сме патувале семејно, зоолошките градини секогаш биле неизоставен дел од тие искуства - рече Мартиновски, кој откри дека илустрацијата на корицата на книгата е всушност слика која ја има насликано неговиот син Филип. Сликата „Два зајака“, заедно со уште неколку други негови дела беа изложени во книжарницата за време на промоцијата.

Авторот истакна дека во оваа книга, метаморфозата е присутна во неколку циклуси, а особено во оној во кој поезијата, како продукт на јазикот, се поврзува со формите на живот.
- Дел од песните почиваат на постапката на мимикрија, која воспоставува врски меѓу две нешта – нешто што, веројатно, го прави и целата уметност... Метафората е длабоко мимикриска постапка. На пример, Џибран вели дека откривањето на тајните врски меѓу нештата е главната улога на уметникот, односно поетот – најнапред за себе, а потоа и за другите. Секако, не би ја свел поезијата само на неколку аспекти; сметам дека тие се значајни токму затоа што се меѓусебно преплетени – рече авторот.

Промотор на книгата - Иван Џепароски истакна дека „Со една четка два зајака“ е поетска книга обликувана во духот на современото време.
- Таа претставува успешно поетско понирање во светот и во животот на животните претставени на еден игрив и необичен начин. Биоетичкиот и екопоетичкиот строеж на песните не носи во себеси само една филозофска или етичка насоченост, односно една едукативна или културолошка функција туку, пред сè, песните од оваа книга претставуваат успешни поетски творби исполнети со длабоко доживеани чувства за единството на природата и животинскиот свет со светот на човекот, односно со светот на поетот – подвлече промоторот.

Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) е поет, раскажувач, есеист, книжевен критичар, преведувач, антологичар. Работи како редовен професор по предметите Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ. Докторирал на Универзитетот Париз III – Sorbonne Nouvelle во 2007 година. На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ја извршува функцијата декан од септември 2023 година. Актуелен претседател е на Македонскиот ПЕН-центар.  Досега има објавено 12 стихозбирки за возрасни и три поетски книги за деца.

Збирката поезија  „Со една четка два зајака“ е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.

Програмата  на  „Денови на литературата“ во целост да ја проследите на следниот линк: https://www.literatura.mk/denovinaliteraturata

Шестото издание на манифестацијата се одржува од 5 до 22 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk. Во рамките на продажната акција ќе бидат понудени попусти на книги до 70 %, грепки со подароци и повеќе од 30 настани. Во рамките на продажната акција има попусти на најбараните книги за возрасни и за деца од 17 македонски издавачки куќи. Секој ден на онлајн-продавницата www.literatura.mk  ќе има специјален, дополнителен еднодневен попуст на книги. „Литература.мк“ и овој пат подготви изненадувања за своите посетители – со купени книги во вредност од минимум 1.500 денари следува грепка со подарок. Секоја грепка е добитна!

Попустите може да ги проследите на следниот линк:  https://www.literatura.mk/proizvodi/popusti

Еднодневните специјални попусти се достапни на следниот линк: https://www.literatura.mk/proizvodi/dnevna-akcija-knigi

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

09.
Feb.
Вести
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, на 7 февруари, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд ...
07.
Feb.
Вести
Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, вчеравечер (6 февруари) во „Литература.мк“ во &bdquo...
07.
Feb.
Вести
По повод отворањето на 25. Зимски олимписки игри, кои вчеравечер официјално започнаа во Милано и Кортина, споделуваме извадок од книгата „Спортски стор...
10.
Dec.
Вести
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во &bdquo...
18.
Nov.
Вести
Издавачката куќа „Арс Ламина“ и оваа година ги поддржа Детските Рацинови средби во Велес.
14.
Nov.
Вести
Доајенот на македонското спортско новинарство и автор, Зоран Михајлов, е добитник на престижната награда „13 Ноември“ за првата биографија посвет...
06.
Nov.
Вести
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име,...
30.
Oct.
Вести
Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафаз...
22.
Oct.
Вести
Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијација...
17.
Oct.
Вести
На денешен ден, 17 октомври 1934 година, во Скопје е роден големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологича...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.13 MB