Блог

Блог

Топ 10 книги што се читаат во еден здив - Читањето книги како олимписка дисциплина
10.
Aug
Дали сте помислиле на читањето книги како олимписка дисциплина? Колку време ви треба да прочитате една книга? Во трката со времето и секојдневните обврски, за сите што сакаат пократки книги или, пак, сакаат да прочитаат повеќе наслови за пократок рок, составивме листа со топ 10 книги, со романи или кратки прозни дела во издание на „Арс Ламина“. Голем дел од нив се во рамките на едицијата „Во еден здив“ – книги што можат да се прочитаат во еден здив, а за исчитување на овие книги потребни се еден, два или три часа, според вашето темпо. Уживајте во вашиот книжевен маратон!
Го одбележуваме роденденот на писателот Александар Русјаков
09.
Aug
Писателот Александар Русјаков е роден на 9 август 1977 година во Велес... Автор е на многубројни филмски и телевизиски сценарија, краток документарен филм, како и драмски текстови. Во моментов пишува поезија и проза, колумни и дијагнози, филмски и телевизиски сценарија. На едни им пишува на срцето, на други им чкрта по нерви.
Девет неверојатно мачешки приказни во чест на Меѓународниот ден на мачките
08.
Aug
Со девет неверојатни приказни, од богатата издавачка понуда на „Арс Ламина“, го одбележуваме Меѓународниот ден на мачките. Станува збор за книги за деца, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
„Мојата мрачна Ванеса” - Чекот на грешките
07.
Aug
Инспирирана од прекројувањата за дефиницијата на педофилија, во епоха кога зрелоста и љубовта се ставаат во претесен пресек да бидат издржани и двете, “Мојата мрачна Ванеса” е прогонувачки роман за фалсификуваните сеќавања.
Извадок од „Ветената земја“ од Барак Обама: „Светот е комплициран, Бар, затоа е интересен“
04.
Aug
Со извадок од автобиографската книга „Ветената земја“ го одбележуваме роденденот на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кој е роден на денешен ден (4 август) во 1961 во Хонолулу, Хаваи.
Возбудлива детективска авантура со сестрата на Шерлок  - Енола Холмс
03.
Aug
Вљубениците во детективските авантури и книгите за Шерлок Холмс, без сомневање ќе уживаат во возбудливиот серијал за деца и млади - „Мистериозните случаи на Енола Холмс“ од авторката Ненси Спрингер. И самата фан на книгите на Артур Конан Дојл за Шерлок Холмс, Спрингер ја продолжува приказната, креирајќи нов лик, кој со својата интелигенција, харизма и лукавост, потсетува на својот брат. Но, истовремено Енола е многу блиска и со темпераментот и динамиката на новите генерации.
Судбинската поврзаност на писателот Ѓорѓи Абаџиев со 2 Август
02.
Aug
Покрај тоа што одбележуваме 121 година од Крушевската Република и 80 години од првото заседание на АСНОМ, денска се сеќаваме и на големиот македонски писател Ѓорѓи Абаџиев, кој почина на 2 август пред 61 година.
Книга за Париз е секогаш добра идеја!
01.
Aug
„Париз е секогаш добра идеја!“ Оваа култна реплика на Одри Хепберн во филмот „Сабрина“, веројатно ја изговора секој што некогаш бил и посaкал да се врати во Париз. Но, во Париз може да се отпатува и преку уметноста, музиката, филмовите, сериите или преку книгите.  Ако сакате да заминете на незаборавно патување во француската метропола, книгите за Париз секогаш се добра идеја!
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.17 MB