Ново migrirano

Најпродавани книги за 2021 година од издавачката куќа Арс Ламина

21.01.2022.
Најпродавани книги за 2021 година од издавачката куќа Арс Ламина

Секоја година издавачката куќа „Арс Ламина“ ги избира десетте најпродавани книги што го предизвикале вниманието со нивните неверојатни пораки, интересни приказни и исклучителна важност за нашето живеење. Селекцијата ги опфаќа сите жанрови, книжевни класици, бестселери, инспиративни книги за самопомош и друго.

Марк Менсон втора година по ред е најпродаван автор во издавачката куќа „Арс ламина“. Минатата година со книгата „Е, баш ме заболе“, а во 2021-та со контраинтуитивниот водич за проблемите со надежта – „Сè е заебано“. Со неговата препознатлива комбинација од ерудиција и хумор, Менсон нè предизвикува да бидеме почесни кон себеси, отворено спротивставувајќи се на нашите дефиниции на верата, среќата, слободата – дури и на надежта.

„Зен – уметноста на едноставното живеење“ е на второто место најпродавани книги за возрасни. Во неа познатиот будистички свештеник Шунмио Масуно евоцира мудрост стара со векови за да покаже како да ја применуваме суштината на зен-будизмот во модерното живеење.

Следна е „Торонто експрес“ од Зоран Спасов-Ѕоф, документаристичка стрип-проза; еден вид фото-нарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Духовит литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада.

На четвртата позиција е романот „Дамски гамбит“ на кој е базирана истоимената мегапопуларна серија на „Нетфликс“, приказна за патот до успехот на шахистката Бет Хармон, која, како што ги усовршува вештините на шахот и зачекорува на патот на успехот, нејзината изолација станува сè позастрашувачка, а помислата за бегство сè попримамлива.

Веднаш за него е серијалот од 12 детективски романи од Агата Кристи, меѓу кои „Смрт на Нил“, „Убиство во ориент Експрес“ и „Мистериозниот случај во Стајлс“, спакувани во два комплета со посебно дизајнирана кутија, но достапни и како одделни наслови.

„Мала книга за хиге“ и годинава е на листата најпродавани, а од истиот автор од печат неодамна излезе книгата „Уметноста на создавање спомени“ во која Мајк Викинг, повикувајќи се на научни истражувања на среќата, нè учи како да создаваме среќни спомени и како полесно да ги задржиме.

На седмото место е „Париската библиотека“, интересна и возбудлива приказна, полна со љубов и драма, тажни и среќни човечки судбини, роман за книги и роман за неочекувани херои и хероини – за тоа како книгите можат да ни го сменат животот, а како читателите можат да го сменат светот.

„Седумте мажи на Евелин Хуго“, најпродаваниот наслов на годинешниов Саем на книгата, е на деветтото место. Тејлор Џенкинс Рејд, број 1 авторка на бестселери на „Њујорк тајмс“, напиша емотивна приказна за филмската икона Евелин во времето на златните години на Холивуд. Возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот. Но, кога за тоа ќе ја ангажира анонимната репортерка Моник Грант, никој не е поизненаден од самата Моник. Зошто неа? И зошто сега?

Најпопуларната авторка за млади Колин Хувер е на деветтото место со серијалот од четири романи насловен како „Безнадежно“ во кој од различна перспектива ги проследуваме љубовните приказни на Скај и Холдер и Даниел и Сикс.

Монолозите на Васко Тодоров алијас Тошо Малерот селектирани во книгата „Монологија“ ја затвораат топ-10 листата најпродавани книги за возрасни за 2021 година.

Сите книги можат да се најдат во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.96 MB