Будимпештански записи 2
Ѓурѓа

Будимпештански записи 2

Шифра на артикл: 064362
Баркод: 9786082015347
Достапно веднаш
0 МКД
590 МКД
590 МКД
9,55 EUR
Заштеда: 0 МКД
Извести ме за попуст
  • NSZ
    *
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
Pomoć
Пред вас се отвора втората книга од едно патување, поместено од координатите на нужноста, но вкоренето во љубовта кон вистината. „Будимпештански записи“ (втор дел) е повеќе од само продолжение, тоа е живо сведоштво за едно време исполнето со предизвици, надежи и разочарувања. Во неа се вткаени не само мисли за државата и за политиката, туку и лични исповеди кои се огледало на еден живот посветен на идеали што ги надминуваат минливите политички констелации. Текстовите кои ги собрав тука се како парчиња од мозаик – претходно споделени на социјалните мрежи, каде што предизвикаа бројни дискусии и размисли. Но, времето на интернетот е ефемерно, а зборовите заслужуваат трајност. Затоа, оваа книга е обид да ги зачувам тие мисли, да ги синтетизирам во целина што ќе остане како сведоштво за периодот од април 2023 до април 2025 година – период исполнет со турбуленции и пресвртни моменти за Македонија, Балканот и светот. Како поранешен премиер на Република Македонија, мојата цел никогаш не беше да коментирам сè што се случуваше. Политиката има свои актери – политички партии, аналитичари и медиуми – кои го прават тоа секојдневно. Моите текстови се фокусираат на она што сметав дека во даден момент е важно да се каже за одредена конкретна тема, на она што допира до срцето на проблемите и предизвиците со кои се соочуваме како општество и како личности. Во овие страници се испреплетуваат размисли за минатото, сегашноста и иднината – за моментите кога сме биле исправени пред избори што го менуваат текот на историјата, но и за оние тивки мигови на интроспекција, кога се прашуваме дали сме направиле сè што можеме за да оставиме свет подобар отколку тој што го најдовме. Ова не е само книга за политичките борби, ова е книга за луѓето, за нивните соништа и стравови, за нивната борба да останат верни на себе во свет кој често ги принудува да се променат. Македонија по промената на власта во 2017 година доживеа големи промени и трансформација на својата институционална архитектура, почнувајќи од промената на Уставот заради смена на името и на идентитетот на Македонците, што предизвика нужност од смена на речиси сите закони, имиња на институции, лични документи итн., а паралелно се всадуваше нова ментална свест која ги рушеше идеалите за кои не само ние, туку и генерации Македонци и граѓани на Македонија со децении и векови се бореа, а поврзани со суверенитетот, самостојноста, борбата за националниот интерес, криминалот и отпорот кон неправдата. Правосудниот систем, кој треба да биде бедем на правдата, стана инструмент на политички кампањи во спроведувањето на тие промени со кои ги проголтаа и елиминираа не само политичките неистомисленици од кои имаа страв, туку и самата идеја за правда. Затоа, оваа книга е и мој отпор од позиција на принудниот егзил, со кој ја напуштив својата земја не заради авантура или желба, туку заради преживување. Секој текст овде има своја приказна и своја тежина. Некои се аргументирана критика на власта и општествените појави, други се предлози за надминување на предизвици и патокази за можен напредок. Има и текстови поврзани со реформи и проекти кои го променија животот на граѓаните во времето кога ја предводев владата, но и размисли за нереализирани визии и започнати иницијативи кои новата власт ги запре или ги преобликува. Книгата изобилува со текстови кои ја опишуваат технологијата и смислата на одредени проекти во економијата, здравството, образованието, земјоделството и културата...
Карактеристика Вредност
Kатегорија Политика
Автор Никола Груевски
Издавач Ѓурѓа
Јазик Македонски
Повез Мек повез
Година на објавување2025
Број на страници590

Уникатна услуга

Картичка за лојалност
Картичка за лојалност

Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.

 Бесплатна достава
Бесплатна достава

Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.

Слични производи

Sačuvano u omiljne
Автор : Robert L.D Kuper
Цена 350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Автор : Dejvid Livingston
Цена 500 МКД
8,09 EUR
Sačuvano u omiljne
Цена 500 МКД
8,09 EUR
Sačuvano u omiljne
Цена 590 МКД
9,55 EUR
Sačuvano u omiljne
Цена 300 МКД
4,85 EUR
Sačuvano u omiljne
Цена 350 МКД
5,66 EUR
array(0) {
}
Memory Consumption is: 9.15 MB