Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Литература
- Поезија
- Странска поезија-препеви
- Сор Хуана работи во градината

Шифра на артикл: 063662
Автор:
Маргарет Атвуд
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ

За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490

Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот

Пиши ни на:
Pomoć
Маргарет Етвуд
Време е повторно за в градина; за поезија, за раце
до лакти забуцани во отпадот по
потопот, рацете в земја, пребаруваат околу
коренушките, луковици, загубени џамлии, слепи
муцки на црви, измет од мачка, твоите сопствени идни
коски, сè што е закопано долу
има енергија, нејасен знак во темнината.
Кога стоиш на гола земја со боси нозе
и ровја те пронижува, наеднаш
од две страни, велат дека си приземјена,
ете тоа е поезијата: врела жица.
Исто како да си брцнала виљушка во штекер
на ѕидот. Немој да мислиш дека таа е само за цвеќиња.
Иако е, на некој начин.
Утрото го мина среде крвопијните
трајни растенија, изртените божури,
криновите што набрекнале пред да пукнат,
лисјата на црвениот напрсток сјаат како кован
бакар, електрицитет искри од боцкавите кандилца.
Ножици, злокобна лопатка, количка
жолта и бавна, страци трева
расшепотени како наелектризирани молекули. Си мислиш
ќе може ли сè да се среди? Мора да носиш излитени
гумени ракавици. Гром пупи во устичињата,
од нивните бусени и никулци, полен и воскресение
се раскрилува од секое немирно гнездо
од латици. Рацете ти зујат, влакната
на нив штрчат; само еден допир и ете ти удар.
Предоцна е сега, земјата се отвора,
мртвите се креваат, сосема слепи, се препкаат
во судирот со сончевината од судниот
ден, намовнати ангели лазат
по тебе како пчели што се ројат, јаворите
над тебе ги лачат своите заглушувачки ноти
кон небото, твоите експлозивни
слогови го прекриваат тревникот.
Превод: Зоран Анчевски
Карактеристика | Вредност |
---|---|
Kатегорија | Странска поезија-препеви |
Автор | Маргарет Атвуд |
Издавач | Темплум |
Боја | Виолетова |
Јазик | Македонски |
Повез | Мек повез |
Година на објавување | 2024 |
Број на страници | 43 |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 2000 денари.
Слични производи
Странска поезија-препеви
065106
Автор :
Менсур Ќатиќ
Цена
300
МКД
4,85
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Странска поезија-препеви
010233
Автор :
Osip Mandelshtam
Цена
440
МКД
7,12
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Странска поезија-препеви
010016
Автор :
Oskar Milosz
Цена
430
МКД
6,96
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Странска поезија-препеви
000650
Автор :
Чарлс Симиќ
Цена
200
МКД
3,24
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Странска поезија-препеви
097842
Автор :
Маша Сеничиќ
Цена
250
МКД
4,05
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Странска поезија-препеви
097608
Автор :
Радјард Киплинг
Цена
500
МКД
8,09
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Странска поезија-препеви
096179
Автор :
Група автори
Цена
370
МКД
5,99
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Странска поезија-препеви
096175
Автор :
Срѓан Драгојевиќ
Цена
380
МКД
6,15
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!