Интервјуа

Тејлор Џенкис Рејд: Секоја книга е нова авантура

15.09.2023.
Тејлор Џенкис Рејд: Секоја книга е нова авантура

Зошто сјајот и бедата на славата ѝ се толку инспиративни и како ги прикажува во романите ни открива авторката на бестселерите: „Дејзи Џонс енд Д сикс“, „Седумте мажи на Евелин Хуго“, „Малибу во пламен“ и „Кери Сото се врати“ – Тејлор Џенкинс Рејд.

 

Американската писателка Тејлор Џенкинс Рејд од малечка ја интересирало како се создаваат митовите околу светот на богатите и славните. Тоа како возрасна ја довело до Калифорнија, каде што од прва рака ги видела и ги почувствувала подемите и падовите што ги носи со себе животот во Холивуд. Иако има диплома за филмска уметност, што несомнено ѝ помага во пишувањето приказни за познатите, сепак сфатила дека книжевноста е нејзина љубов и комплетно се ориентирала кон пишувањето.

По неколку љубовни романи што публиката ги прифати солидно, го промени жанрот и со драмите „Дејзи Џонс енд Д сикс“ и „Седумте мажи на Евелин Хуго“ постигна светска слава. Во овој разговор таа открива како изгледа процесот на создавање на нејзините бестселер-романи.

 

Да почнеме со романот преку кој македонските читатели се запознаа со Вашата работа. Дали за романот „Дејзи Џонс енд Д сикс“ имавте инспирација од реалниот живот? Како на страниците на книгата ги оживеавте јунаците за кои многумина мислеа дека се реални, па по читањето гуглаа да дознаат повеќе за членовите на бендот?

Ме инспирираа многу бендови од музичката сцена од кањонот Лорел од шеесеттите години на 20 век: Џони Мичел, Крозби, „Стилс“, Неш и Јанг, „Мамас & Папас“, „Иглс“... Но, дури кога сфатив дека можам да имитирам динамика слична на „Флитвуд Мек“, почна да заживува приказната за Дејзи Џонс.


Фасцинантно e што „Дејзи Џонс“ ја напишавте како своевидно усно раскажување, што може да биде исклучително тежок предизвик за пишување, но Вие тоа го изведовте мајсторски. Како и зошто се решивте за ваков потег?

Многу сакам да читам вакви приказни – особено оние за значајни настани од поп-културата. Кога помислив да напишам приказна за бенд, форматот на усно раскажување ми се наметна како најдобар начин да ја раскажам приказната. Ми дозволи да се преправам дека оваа измислена приказна не е измислена и ми изгледаше како мошне освежувачка идеја. Исто така, ми овозможи да „избрусам“ одредени вештини. Би сакала да напишам уште една книга во тој стил.


Во вашите романи гледаме колку славата може да биде превртлива, со сите очигледни предности и многу искушенија. Што толку ве интригира во светот на богатите и славните?

Пишувањето за славата ми дозволува да пишувам за митовите. Во што конкретно веруваме? Без разлика на тоа дали сте актер, музичар, модел – вие на публиката ѝ продавате приказна за себе. Зошто таа приказна е лага? Тоа сакам да го знам. И постојано пишувам за тоа. Која приказна ни ја продаваат и зошто продолжуваме да веруваме во неа, иако знаеме дека не е вистинита?

 

Каде „барате“ инспирација за пишување?

Ја „барам“ насекаде. Секогаш сум отворена за сè што ме интригира. Научив да бидам во дослух со малата антена што се вклучува секогаш кога ќе најдам мало делче свет што ме интересира. Се прашувам: „Што ме интригира овде? Дали е тоа местото на кое сакам да отидам во својот ум? Дали тоа е личноста која сакам да ја измислам?“ Станав мошне добра во фаќањето нишки на своите интереси што ме носат некаде сосема неочекувано.
 

Како изгледаат Вашите идеални услови за пишување?

Потребна ми е само тишина. Денес е тешко да се најде тоа. Но, додека го имам својот леден чај и ги слушам сопствените мисли, спремна сум за пишување.

 

Пишувањето е самотничка работа. Дали уживате кога ќе излезете помеѓу луѓето и кога промовирате книга?

Најмногу го избрав пишувањето затоа што не ми пречи да бидам сама. Живеам во својата глава. Но, колку и да сум интровертна, треба да излезам од дома и да се среќавам со луѓе. Да запознам луѓе кои уживаат во моите приказни, кои сакаат за зборуваат за работи што ги сакам и јас – тоа е толку неочекуван и прекрасен дел од мојата кариера.

 

На чии книги им се навраќате постојано?

На Џоан Дидион. Но, голема обожавателка сум на многу денешни писателки: Сали Руни, Селест Инг, Талија Хиберт, Емили Хенри...

 

Книгите на Тејлор Џенкис Рејс се достапни во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/link/hpGPP3SyvT

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
480 МКД
7,77 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
450 МКД
7,28 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

30.
Nov.
Интервјуа
На македонските читатели Маша Колановиќ им стана позната преку преводите на издавачката куќа „Арс Ламина“ на романот за млади и возрасни „Б...
14.
Feb.
Интервјуа
„Девојката што ја наслика смртта“ е дебитантска книга на Андреа Мирческа. Станува збор за психолошки трилер со примеси на мистерија и драма што п...
13.
Feb.
Интервјуа
Дејан Василевски - добитник е на повеќе награди за неговата кратка проза и неговите песни и е објавен во повеќе литературни списанија и една антологија....
06.
Jul.
Интервјуа
Со моите сликовници сакам да им помогнам на децата да го прифатат светот околу нив
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.96 MB