Филм

Препорака за серија според книга: „Девет совршени туѓинци“ од Лијан Моријарти

06.07.2025.
Препорака за серија според книга: „Девет совршени туѓинци“ од Лијан Моријарти
Препорака за серија според книга: „Девет совршени туѓинци“ од Лијан Моријарти

Светскиот бестселер „Девет совршени туѓинци“ од Лијан Моријарти, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е инспирација за истоимената ТВ-серија со Никол Кидман во главната улога. Серијата досега има две сезони, емитувани на платформата „Хулу“ – првата во 2021 година, а втората оваа година. Двете сезони содржат по осум епизоди, кои ја следат приказната на група градски луѓе чие патување до едно изолирано велнес-одморалиште се претвора во неочекувана, интензивна и трансформирачка авантура. Она што почнува како обично патување за релаксација, се претвора во длабока психолошка драма полна со неизвесност.

Во „Девет совршени туѓинци“ авторката Моријарти, позната по „Големи мали лаги“ (по кој беше снимена и истоимената серија на HBO), одговара на прашањето дали десет дена во здравствено одморалиште навистина можат да ве променат засекогаш? Деветте совршени туѓинци – главни протагонисти во делото, наскоро ќе го откријат тоа... Некои се таму за да ослабат, некои за да си го рестартираат животот, а некои се таму од причини што не можат да си ги признаат ниту самите себеси. Среде луксузното опкружување на одморалиштето, среде сесиите по сосредоточеност и медитација, за брзо време сфаќаат дека овие десет дена можат да бидат пресвртница во нивните животи. Но, никој од нив не може ни да си замисли колкав предизвик ќе бидат десетте дена што им претстојат.

Во романот на Мориарти, дејството се случува во Куќата на спокојството, далечен велнес-центар, каде што девет луѓе престојуваат за релаксација, самоистражување и просветлување. Франсис, авторка на љубовни романи, оди на ова патување за да го излекува својот повреден грб и за да закрепне по неуспешна љубовна врска. Таа е заинтригирана од другите посетители, но уште повеќе ја привлекува сопственичката и директорката на одморалиштето од необјасниви причини.

„Дали оваа личност навистина може да ги има одговорите што Франсис дури и не знае дека ги бара?“ се вели во синопсисот. „Дали Франсис треба да ги остави настрана своите сомневања и да се препушти на сè што може да понуди Куќата на спокојството – или треба да побегне оттаму додека сè уште може? Наскоро сите гости во Куќата на спокојството ќе си го поставуваат токму истото прашање.“

Серијата е создадена од Дејвид Е. Кели, со кого Кидман соработуваше и на хитовите „Големи мали лаги“ и „Слом“. Покрај Никол Кидман – која ја игра улогата на Маша, мистериозната директорка на одморалиштето, во двете сезони има ѕвездена актерска екипа. Во првата сезона главните улоги ги толкуват: Мелиса Мекарти, Лук Еванс, Боби Канавале, Мени Џасинто, Тифани Бун,  Мајкл Шенон и  Ашер Кеди. Во втората сезона играат Арас Ајдин, Кристин Барански, Мареј Бартлет, Марк Стронг, Доли де Леон, Лукас Енгландер, Хенри Голдинг,Ени Марфи, Мејзи Ричардсон-Селерс, Лена Олин и Кинг Принцес.

Покрај „Девет совршени туѓинци“, „Арс Ламина“ ги има објавено и романите „Три желби“, „Последната годишнина“ и „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти. Романите „Последната годишнина“ и „Семејни тајни“ исто така се адаптирани во телевизиски серии.

Книгите се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку: www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 480 МКД
7,77 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Mar.
Филм
Постојат приказни што со векови тивко чекаат некој да им го даде гласот што го заслужуваат. „Хамнет“ од Меги О’Ферел е токму таква приказна...
01.
Mar.
Филм
„Приказната за Десперо“ е повеќе од детска бајка. Таа отвора теми за прифаќањето на различностите, храброста да се биде свој и моќта на емпатијат...
22.
Feb.
Филм
Еден од најголемите книжевни класици, кој оставил трајно влијание во светската литература, е безвременскиот роман Гордост и предрасуда од Џејн Остин.
15.
Feb.
Филм
Во 2026 година се одбележуваат 25 години од почетокот на филмската франшиза за „Хари Потер и каменот на мудроста“, која во 2001 година ја донесе ...
08.
Feb.
Филм
Култниот роман на Вилијам Голдинг од 1954 година, „Господарот на мувите“, доби нова и моќна телевизиска адаптација.
31.
Jan.
Филм
Во анимираниот филм „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо, овој класичен лик добива сосема нова, подлабока и помрачна димензија.
25.
Jan.
Филм
Ако барате нежна, магична и поучна серија за деца – инспирирана од омилените детски книги - „Исидора Мун прави зимска магија“ е вистинскиот...
18.
Jan.
Филм
Романот „Хамнет“ е едно од најнаградуваните книжевни дела во последните години – светски бестселер, добитник на престижни награди. 
11.
Jan.
Филм
Љубителите на напнати трилери на почетокот на оваа година можат да уживаат во новата серија на стриминг-сервисот „Нетфликс“ – „Бегај&...
04.
Jan.
Филм
Овој празничен викенд ви го препорачуваме анимираниот филм „Кралицата на Срцата го забрани Божиќ“, во режија на Питер Бејнтон, кој е инспириран о...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11 MB