Филм

Од класичен расказ до култен филм: „Легенда за сонливата долина“

09.08.2026.
Од класичен расказ до култен филм: „Легенда за сонливата долина“
Од класичен расказ до култен филм: „Легенда за сонливата долина“

Легендите имаат необична моќ – колку повеќе се прераскажуваат, толку повеќе ја разгоруваат човечката љубопитност. Малку книжевни дела успеале да создадат лик кој со векови останува препознатлив како Безглавиот коњаник. Токму затоа „Легенда за сонливата долина“ од Вашингтон Ирвинг и денес се смета за едно од најзначајните дела на американската готска литература, а нејзината магична и морничава атмосфера инспирира многу филмски адаптации, меѓу кои најпозната е филмот „Sleepy Hollow“ (1999) во режија на Тим Бартон.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Либи“, во рамките на едицијата „Детски класици“, ја објави „Легенда за сонливата долина“ од Вашингтон Ирвинг на македонски јазик, овозможувајќи им на домашните читатели да се запознаат со едно од најзначајните дела на светската класична литература.

Првично објавена во 1820 година, „Легенда за сонливата долина“ е приказна која и по повеќе од два века не ја изгубила својата привлечност. Дејството се одвива во Теритаун, во населба на холандски доселеници, во чија близина се наоѓа мистериозната Сонлива долина – место обвиено со преданија за духови, за вештерки и за натприродни појави.

Таму пристигнува патувачкиот учител Икабод Крејн, човек со бујна фантазија, кој не може да остане рамнодушен кон приказните што кружат за ова необично место. Најмногу од сè го фасцинира легендата за Безглавиот коњаник – хесиски војник, кому, според преданието, во битка му била отсечена главата и кој и натаму јава низ ноќта во потрага по неа.

Но, покрај мистеријата, Ирвинг вешто гради и приказна за љубовта, за амбицијата и за човечката суета. Икабод се вљубува во убавата Катрина ван Тасел, ќерка на најбогатиот човек во Теритаун, но за нејзиното срце се натпреварува и Бром ван Брант – храбар и самоуверен млад човек, познат по својата сила и смелост. Така, романтичниот заплет постепено се испреплетува со стравот, со суеверието и со неизвесноста, создавајќи приказна во која читателот постојано се прашува каде завршува реалноста, а каде започнува легендата.

Во 1999 година, оваа книжевна класика доби нов живот на филмското платно во режија на Тим Бартон. Наместо буквалнода ја следи оригиналната приказна, режисерот создава своја интерпретација, во која Икабод Крејн, кого го толкува Џони Деп, е необичен истражител што пристигнува во Сонливата долина за да ги разреши серијата мистериозни убиства поврзани со Безглавиот коњаник.

Покрај Џони Деп, во филмот настапуваат: Кристина Ричи, Миранда Ричардсон и Мајкл Гамбон, а во улогата на Безглавиот коњаник се појавува Кристофер Вокен.

Иако филмот значително го проширува оригиналниот заплет, тој останува верен на духот на делото. Магливите шуми, мрачните пејзажи, готската архитектура и постојаното чувство дека нешто демне од темнината создаваат атмосфера што совршено ја доловува мистиката на Сонливата долина.

Препознатливата визуелна естетика на Тим Бартон и музиката на Дени Елфман го претвораат „Sleepy Hollow“ во едно од највпечатливите филмски остварувања инспирирани од класичната литература.

За љубителите на мистерии, на готска атмосфера и на безвременски книжевни класици, „Легенда за сонливата долина“ е вистинско читателско уживање. Ако прво ја прочитате книгата, ќе ја откриете оригиналната легенда што со векови ја плени имагинацијата на читателите. Ако, пак, прво го погледнете филмот, романот ќе ви овозможи да ја запознаете приказната во нејзината автентична форма и да откриете зошто Вашингтон Ирвинг се смета за еден од основоположниците на американската кратка проза.

Книгата „Легенда за сонливата долина“ е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку веб-страницата на Literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 160 МКД
2,59 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Филм
Романот „И не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, и денес се смета за еден од најдобрите и најпродавани криминалистички романи на сите вре...
19.
Jul.
Филм
Постојат книги што не завршуваат со последната страница и филмови што продолжуваат да живеат во мислите долго по одјавната шпица. Таков е „Тивкиот Амер...
12.
Jul.
Филм
Вљубениците во детективските авантури и мистериите повторно имаат причина за возбуда – на големото платно се враќа една од најомилените млади детективк...
05.
Jul.
Филм
Шпионските приказни ретко се сведуваат само на тајни мисии и на возбудливи акции. Во делата на Џон ле Каре тие се пред сè приказни за луѓето, за нивни...
10.
May.
Филм
Книжевниот класик „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, објавен во 1943 година, и денес важи за едно од највлијателните дела во светската ли...
05.
Apr.
Филм
Приказната за Мери Попинс е едно од најшармантните и најволшебни дела во детската литература.
27.
Mar.
Филм
Романот „Драг Едвард“ од Ен Наполитано, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“, е едно од оние дела...
08.
Mar.
Филм
Постојат приказни што со векови тивко чекаат некој да им го даде гласот што го заслужуваат. „Хамнет“ од Меги О’Ферел е токму таква приказна...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.99 MB