Настани

Исидора Мун ве кани на роденден

15.02.2024.
Исидора Мун ве кани на роденден
Исидора Мун ве кани на роденден

На 17 февруари, во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“, Исидора Мун ќе го слави својот осми роденден и многу ќе се радува ако дојдете да прославите заедно со неа.

Иако е славеничка, таа ви подготвува мали и слатки изненадувања и за возврат го очекува вашето присуство.

Дојдете на роденденска дружба, за да го одбележиме заедно славеничкиот ден на нашата заедничка другарка. Затоа што роденденот е посебен празник на среќата, еден вид приредба за која се потребни многу насмеани гости и интересни содржини.
***
Исидора Мун е половина вампир, половина самовила и целосно уникатна!
Таа е посебна, бидејќи е поинаква!
Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, а таа е по малку од двете, како и нејзината помала сестра Меденка.

Сака да јаде самовилска храна и да се облекува вампирски. Нејзините другарчиња се човечки суштества, со кои учи во обично училиште за луѓе.
Сите сакаат да се дружат со Исидора, затоа што е добра и грижлива другарка, а таа е неразделна од своето најверно другарче – Розовото зајаче, кадифена играчка што е оживеана со помош на магија.

Нејзините случки се преточени во книги што децата од целиот свет ги читаат со задоволство.

 

Серијалот „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер, цо издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ содржи 14 книги објавена на македонски јазик: „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“, „Исидора Мун слави роденден“, „Исидора Мун оди на училиште“, „Исидора Мун оди на балет“, „Исидора Мун оди на кампување“, „Исидора Мун прави зимска магија“, „Исидора Мун запаѓа во неволја“, „Исидора Мун оди на панаѓур“, „Исидора Мун оди на екскурзија“, „Исидора Мун настапува на шоу“, „Исидора Мун оди на одмор“, „Исидора Мун оди на преспивање“, „Исидора Мун оди на свадба“ и „Исидора Мун ја запознава Забовилата“.

Во секое издание Исидора минува низ нова авантура, нов предизвик, учи нова лекција и запознава нови другарчиња. Исидора е специјална затоа што е поинаква, но таа се гордее со тоа. Како и сите деца, таа сака да другарува, да игра, да истражува, да твори и, пред сѐ, да биде своја. Таа учи, сознава, а понекогаш запаѓа и во неволја. Но, секоја приказна завршува со убава, топла порака и поука за децата, но и за родителите.

Серијалот на Хариет Мункастер неодамна беше збогатен со уште две нови книги за Мирабела Ѕвездомагиевска. Станува збор за книгите „Мирабела прави палавости“ и „Мирабела ги крши правилата“, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Семејството на Мирабела е посебно, а сите љубители на Исидора Мун веројатно веќе ја познаваат, затоа што Мирабела е братучетка на Исидора Мун! Исидора и Мирабела имаа авантури и претходно, но овде првпат таа ќе биде главен лик во новите приказни. Мирабела е половина вештерка, половина самовила, целосно палава. Мирабела живее со мајка ѝ, која е вештерка, татко ѝ, кој е виленик, и брат ѝ Вилбур. Нејзино милениче е малото виолетово змејче – Виолета. Обожава да прави вештерски магии под месечевата светлина, исто колку што ги обожава и природата и самовилската магија.

 

Книгите за Исидора Мун и за Мирабела се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку следниот линк: 

https://www.literatura.mk/link/2PKn0PFPbh

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
31.
May.
Настани
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Ви...
29.
May.
Настани
Во првите две фестивалски недели на „Видик“ се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба н...
24.
May.
Настани
Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фес...
23.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (22 мај), во „Литература.мк“ во „Скопје...
22.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (21 мај), во „Литература.мк“, на улица &bdquo...
21.
May.
Настани
Во рамките на првото издание на новиот фестивал за литература и општа култура, „Видик“, вчеравечер (20 мај), во „Литература.мк“, &bdq...
20.
May.
Настани
Промоцијата ќе се одржи во рамките на првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Ова издание на „Арс ...
17.
May.
Настани
Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“!
13.
May.
Настани
Волшебниот свет на бајките е побогат за уште едно издание. Денеска, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се промовираше книгата з...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.78 MB