Настани

Промоција на едицијата „Порта Европа“

15.02.2024.
Промоција на едицијата „Порта Европа“
Промоција на едицијата „Порта Европа“

На 16 февруари, со почеток во 19 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата „Порта Европа“, во издание на „Арс Ламина“.

Книжевната едиција „Порта Европа“ се состои од шест извонредни книжевни дела од европски автори, кои зачекоруваат во македонскиот книжевен контекст со својот најпретставителен патен документ – Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија. Се работи за книгите „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен, „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак, „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер, „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ, „Лекцијата на месечарот“ од Фредерико Педреира, „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер.

Модератори на настанот ќе бидат Бисера Бендевска и Оливера Ќорвезироска, уреднички на книгите кои се дел од „Порта Европа“, а меѓу учесниците ќе ги видиме и Дејан Василевски (преведувач од хрватски јазик на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“), Ермис Лафазановски (преведувач од романски јазик на „Градина од стакло“), Искра Бадева (преведувачка од дански јазик на „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ и превод од норвешки јазик на „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“, Андреј Лавчански (дизајнер на корицата за „Градина од стакло“) и Лара Маринковиќ (дизајнерка на корицата за „Приказна за духовите“).

Сите шест прозни дела во себе носат приказна од сопствениот културен контекст, а истовремено меѓусебно се допираат во интроспективните аспекти и отсликувањето на внатрешните борби на носечките ликови. Некои се обидуваат да ја прифатат и да ја оправдаат својата различност и посебност, прикажувајќи ја во прво лице и ударно мачнината на себеприфаќањето. Други, пак, на себе својствен начин се соочуваат со личната загуба и со отсуството. Трети се обидуваат да излезат од сопствениот кафез на паранојата од изневерувања, четврти растат со растењето на нивните проблеми итн. Приказните од оваа едиција се проткаени со нишка од опачината на најубавите плетки – додека од лицето на текстот читаме и уживаме во стилскиот раскош, истовремено се заплеткуваме во испуштените конци на совршената книжевна плетка. И тоа ги прави овие прози достојни за големото книжевно признание.

Објавувањето на оваа едиција, исто така е засновано на еколошка заднина и во насока на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на Ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар.

Проектот е кофинансиран од Европската унија.

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
240 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
240 МКД

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Apr.
Настани
Си беше еднаш... Ова се првите зборови со кои почнува раскажувањето на приказните, волшебно навестување дека почнува ново патување во светот на бајките. Со о...
11.
Apr.
Настани
Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоцијата на победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката ...
09.
Apr.
Настани
Новата книга за деца, со најубавите бајки на сите времиња, „Си беше еднаш“, ќе биде промовирана на 11 април (четврток), со почеток во 19 часот, в...
05.
Apr.
Настани
Светот на децата, нивното растење, нивните палавости, мудрости, емоции и разни ситуации, се инспирација за неуморниот писател Васил Мукаетов, кој, вчеравечер...
04.
Apr.
Настани
Новата книга „Има ли и страна петта?“ на еден од најплодните македонски писатели за деца, Васил Мукаетов, ќе биде промовирана денес, на 4 април (...
03.
Apr.
Настани
Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров, чија приказна е поврзана со настанување на градот Струмица, се врати дома – во градот под Царевит...
29.
Mar.
Настани
Сликовницата „Рокчето“ од поетот Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска, ќе биде промовирана на 2 април (вторник), во 18 часот, пред кни...
25.
Mar.
Настани
Светот на Pokémon оживеа во Скопје! Како на светските собири посветени на мегапопуларната јапонска анимирана франшиза, „Литература.мк“ во ...
21.
Mar.
Настани
Со мисија да им помогне на децата во првите чекори во самостојно читање, како и да даде значајна поддршка на наставниците за време на часовите, професорката ...
20.
Mar.
Настани
Новиот едукативен комплет „Мојата прва библиотека“ од авторката Деспина Мукоска, со илустрации на Калиопи Трпчева, ќе биде промовиран денес, 20 м...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.92 MB