Ново

„Жени, храна и хормони“ од д-р Сара Готфрид - научете да го зборувате јазикот на хормоните

01.11.2023.
„Жени, храна и хормони“ од д-р Сара Готфрид  - научете да го зборувате јазикот на хормоните
„Жени, храна и хормони“ од д-р Сара Готфрид  - научете да го зборувате јазикот на хормоните

„Жени, храна и хормони“ е најновата книга од д-р Сара Готфрид, авторка на два претходно објавени бестселер изданија. Таа е лекар, со образование стекнато на Харвард и МИТ, предавач и инструктор за јога. Во изминатите 25 години, д-р Сара практикува функционална медицина како гинеколог, а држи и предавања за природно балансирање на хормоните со што им помага на жените да изгубат тежина, да се детоксицираат и да го забават стареењето.

Д-р Готфрид својата книга ја почнува со зборовите: „Малку работи на светот се толку погрешно разбрани како жените, храната и хормоните. Тоа го гледам во мојата ординација постојано: жените доаѓаат кај мене чувствувајќи се преморено, нерасположено, истоштено и – неизбежно – жалејќи се на вишокот килограми што им се залепиле и покрај нивните најголеми напори да вежбаат и да јадат правилно. И многу често овие проблеми почнуваат кога жените влегуваат во средината на триесеттите години. Моите пациентки забележуваат дека е потешко да се одржува здрава телесна тежина. Оној вишок килограми стекнат за време на празниците е сè потешко да се симне, дури и со најголема дисциплина во јануари. Плановите за исхрана што функционирале во минатото сега се чини дека веќе не функционираат. Уште повеќе обесхрабрувачки е тоа што се чини дека диетите кои функционираат за машките колеги и партнерите, не функционираат исто за нив.

Моите пациентки честопати се изненадени кога им објаснувам дека решението за нивните симптоми не можe да се пронајде во броењето калории или со претрчување километри на лента за трчање, туку на тој начин што ќе научиме да го зборуваме јазикот на хормоните.

Знам што мислите: хормони...? Да, да. Хормони.“

Но, што поточно значи тоа? Кога исхраната и начинот на живот ги поддржуваат хормоните кај жената, нејзините хормони ја поддржуваат неа. Кога храната што се јаде му кажува на телото да ги согори мастите и да го поттикне здравјето, тоа е како свежо ветре во топол летен ден. Просто се вклучува метаболитичкиот прекинувач и телото се трансформира.

Метаболизмот е збир од сите биохемиски реакции во нашето тело, вклучувајќи ги и оние што се поврзани со хормоните, кои диктираат како се чувствуваме и одредуваат колку брзо или бавно се согоруваат калории. Метаболизмот е основата на нашето здравје, денес и утре. Кога ќе научиме да зборуваме на јазикот на хормоните, ќе го подобриме метаболизмот, ќе може да се губат мастите и конечно да се одржува здрава телесна тежина со согорување наместо со складирање на масти. Во исто време, ќе се решат и напорните, непријатни симптоми како замор, постојана желба за храна, нерасположение, несоница и слаб имунолошки систем. Премногу здравствени стратегии не функционираат бидејќи тие се искреирани од мажи, за мажи, а не за женските комплексни хормонски потреби. Ова издание е показател како да се постигне крајната цел на начин што ја почитува единствена женска биологија.

Д-р Сара Готфрид претходно има напишано неколку книги за тоа како да се балансираат хормоните: Хормонска терапија, Исхрана за ресетирање на хормоните, Помлади и Исхрана за корпусот на мозокот. Сепак, сè досега не биле точно поврзани точките меѓу хормоните, храната и метаболитичката флексибилност.

Со ова свое најново издание, целта на авторката е да им заштеди време на своите читателки во изнаоѓање решенија. Д-р Готфрид има откриено што функционира, а што не, за да се вратат хормоните во целната зона т.е. согорување маснотии и губење тежина.

Како заклучок, може да се каже дека, за среќа, културата на медицината се менува. Науката и технологијата напредуваат. Благодарение на ова, и медицинската практика еволуира.  Денес постојат можности за помош на пациентките да го персонализираат начинот на кој се хранат како би можеле да ги балансираат и нивните хормони. Дали треба да се оди премногу далеку за намалување на тежината и подобрување на сопственото здравје? Не мора. Но, информациите и искуството што авторката ги има стекнато во текот на изминатите години додека ги водела пациентите низ нејзините протоколи, сега се систематизирани и внесени во книгата и во четиринеделната програма што треба да се следи за да се добијат оптимални резулати. Ова е основата на Жени, храна и хормони.

 

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку следниот линк: https://www.literatura.mk/zdravje-i-zivot/39148-zeni-hrana-i-hormoni

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Oct.
Најнови изданија
По „Атлас на светот“, „Животни“ и „Моето тело“, популарниот серијал илустрирани книги за деца „Моите патувања&ldquo...
28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.52 MB