Ново

„Аферата Кристи“ – роман за најпознатиот неразрешен случај во модерното време

27.11.2023.
„Аферата Кристи“ – роман за најпознатиот неразрешен случај во модерното време
„Аферата Кристи“ – роман за најпознатиот неразрешен случај во модерното време

Деновиве од печат излезе македонскиот превод на изданието „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт, интернационален бестселер на „Њујорк тајмс“ и избор за најдобро издание на месецот на книжевниот клуб на Рис Витерспун за февруари 2022 година.

Ова издание е веќе преведено на многу јазици, меѓу кои: италијански, романски, португалски, хрватски, српски, холандски, литвански, француски, полски, шпански, германски итн.

Жанровски, книгата може да се смести во делот на историска фикција и мистерија, но и романса/трилер. „Аферата Кристи“ е дело што го очекува и екранизација во облик на мини-серија, а се работи за одлична приказна базирана на вистинити настани.

Почетната точка за создавање на ова дело е тоа што во целиот книжевен корпус и материјалите поврзани со Агата Кристи има само приказна на случај без разрешница, а тоа е нејзината лична приказна. Се работи за мистериозното 11-дневно исчезнување на Агата Кристи во 1926 година, кое единствено може да се спореди со мистеријата на многу потрајното исчезнување на Џими Хофа во 1975 година, како најпознат неразрешен случај во модерното време.

Еве за што се работи: една зимска вечер на трети декември 1926 година, Кристи влегла во својот автомобил – мал зелен „морис каули“ што го купила со заработката од нејзините први романи – и заминала. Зад себе ја оставила својата заспана седумгодишна ќерка Розалинд, заедно со куќната помошничка. Исто така, го оставила и својот сакан мал териер Питер, миленикот кој вообичаено седел крај неа додека пишувала. Таа вечер Кристи била облечена во бунда и шапка, а со себе понела и една актен-чанта. Се претпоставува дека застанала, а можеби и не, во блиското место Годалминг за да ѕирне низ прозорците на приземјето на куќата каде што нејзиниот сопруг, Арчи Кристи, бил гостин тој викенд. Тоа исто утро, на трети декември, Арчи ѝ соопштил на Агата дека сака развод со цел да се ожени за својата љубовница, Ненси Нил, исто така гостинка во куќата. Следното утро во осум часот, автомобилот на Кристи бил пронајден во близина едно место со води, кое злокобно се нарекува Сајлент Пул („тивкиот базен“). Бундата се наоѓала во автомобилот. На Агата Кристи ѝ се губи трагата повеќе од една недела, додека не била откриена во хотелот „Свон Хидропатик“ (Swan Hydropathic) во Харогејт, Јоркшир, на 13 декември.

Дамата-романописец, како што ја нарекувале некои весници, станала предмет на една од најголемите потраги по исчезнати личности во британската историја во која се вклучила полицијата, голем број кучиња-трагачи, цела армија доброволци, но и колегите-писатели на крими-романи како Дороти Л. Сејерс, Артур Конан Дојл, а секако и Арчибалд Кристи и смелиот малечок Питер.

Но, како што мистеријата за исчезнувањето на Кристи никогаш не била решена (Агата Кристи има починато во 1976 година и никогаш не кажала ниту збор за оваа болна епизода од нејзиниот живот, дури ни во нејзината автобиографија), но цели генерации критичари, биографи, филмаџии и романсиери – се обидувале да го расчистат случајот. Мотивите за исчезнувањето на Кристи се движат од цинични („таа го сторила тоа за да ја зголеми продажбата на нејзините книги“) до медицински („таа била во состојба на амнезија предизвикана од потрес на мозокот“) до сочувствителни („Кристи сакала да се самоубие поради пропаста на нејзиниот брак, силен удар што следувал брзо по смртта на нејзината мајка“).

Она што звучи како најверојатна причина за овој настан е теоријата што ја нуди Џилијан Гил, биографка на Кристи. Во своето дело од 1990 година, едноставно насловено како „Агата Кристи“, Гил забележува дека Кристи се пријавила во таа бања во Харогејт под псевдонимот „Тереза Нил“ за да може мошне лукаво да го објави презимето на љубовницата на маж ѝ, во време кога дискрецијата налагала тој податок да остане приватен. Кристи ја сметале за срамежлива личност и лесно ја потценувале, исто како и нејзините романи. А тоа е секогаш грешка.

 

Во „Аферата Кристи“, еден генијален нов психолошки напнат роман што ја разработува заднината зад исчезнувањето на Агата Кристи, Нина де Грамонт во својата приказна ги потсетува читателите на „другата жена“ и сугерира дека би било грешка и таа да се потцени.

Оваа Ненси Нил – која во романот е наречена Нан О’Ди – е поттикната од бес и тага, а интелектуално поклопувајќи се со капацитетот на самата „кралица на мистериите“. Но, Нан О’Ди не е тука само за да го ѝ преземе Арчи туку и за постигнување на повисока цел, нешто што малкумина читатели би можеле да претпостават. А тука лежи и најдобриот наративен трик: исто како и Кристи, така и Де Грамонт го нуди решението на мистеријата на „Аферата Кристи“ . Нан е главниот наратор во делото, а Де Грамонт ја отфрла улогата на пасивна љубовница и создава лик кој ужива во она што го прави, студено признавајќи дека долго го следела Арчи и ја планирала оваа љубовна афера.

 

Романот е структуриран во неколку дела што се менуваат помеѓу деновите и часовите што му претходеле на исчезнувањето на Агата Кристи, со реминисценции на поранешниот живот на Нан во Лондон и во Ирска. На почетокот на приказната, сеприсутниот наратор ја опишува авантурата на Агата таа кобна ноќ на трети декември и деновите што следуваат потоа.

 

Како заклучок, може да се каже дека „Аферата Кристи“ е богато замислен, инвентивен и повремено мошне емотивен роман што нема да ги остави читателите рамнодушни.

 

„Аферата Кристи“ во издание на „Арс Ламина“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk/krimitriler/42606-aferata-kristi.

Извор:

https://www.washingtonpost.com/books/2022/02/02/agatha-christie-disappearance/

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
11.
Mar.
Ново
На 11 март, на денот кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на големата македонска писателка Оливера Николова, издавачката куќа „Арс Ламина“ ...
04.
Mar.
Ново
Од коавторката на бестселерите „Анонимна девојка“, „Не си сама“ и „Златната двојка“, Сара Пеканен, ни пристигнува нов воз...
24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
23.
Feb.
Ново
Од еден од најзначајните автори на 20 век, Греам Грин, ни пристигнува култниот роман „Тивкиот Американец“, кој сега е достапен на македонски јази...
22.
Feb.
Вести
Инспирирана од музиката на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, авторката и музиколог Тина Иванова ја креирала приказната за сликовницата „М...
19.
Feb.
Вести
Авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис&l...
16.
Feb.
Ново
Издавачката куќа „Арс Ламина“, преку својот импринт за детска литература „Либи“, ја објавува првата нема сликовница во Македонија &nd...
12.
Feb.
Вести
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски ...
09.
Feb.
Вести
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, на 7 февруари, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.16 MB