Ново

„Рок на траење“ од Ребека Серл – љубовна приказна за судбината, времето и изборите на една генерација

26.01.2026.
„Рок на траење“ од Ребека Серл – љубовна приказна за судбината, времето и изборите на една генерација
„Рок на траење“ од Ребека Серл – љубовна приказна за судбината, времето и изборите на една генерација

Од авторката на бестселерите на Њујорк тајмс За пет години и Едно лето во Италија пристигнува љубовна приказна што зборува за љубовта и животот на една цела генерацијата.

Дафне Бел верува дека универзумот има план за неа. Секогаш кога ќе запознае маж добива ливче хартија со неговото име и број - точното времетраење на нивната врска. Знаеше дека со Мартин во Париз ќе има три дена, пет недели со Ноа во Сан Франциско, три месеци со Хуго (нејзиното поранешно момче а сега најдобар пријател) … и уште многу други во текот на дваесет години.

Потоа треба да има состанок на „невидено“ со Џејк - а на ливчето го пишува само неговото име. Нема број. Нема крај. Дали конечно е дојдено нејзиното „засекогаш“?

Но како што се развива нивната приказна, Дафне почнува да се сомнева во судбината. Што ако молкот на ливчето не е ветување за среќа, туку предупредување? Особено кога таа крие тајна што може да уништи сè.

Раскажан со препознатливата топлина, духовитост и емоционална длабочина на Ребека Серле, Рок на траење е возбудлива, трогателна приказна за љубовта, изборот - и за тоа дали некои нешта се навистина создадени да траат.

Романот е достапен во книжарниците на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

14.
Nov.
Вести
Три книги објавени од издавачката куќа „Арс Ламина“ се добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година, што ја доделува Град Скопј...
02.
Nov.
Акции
Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција...
29.
Oct.
Најнови изданија
„Арс Ламина“ ја објави „Букварка“, новата вежбанка наменета за учениците од прво одделение во деветгодишното основно образование.
28.
Oct.
Ново
Животната и музичка приказна на Славе Димитров, еден од клучните творци на златната ера на македонската забавна музика, е во фокусот на новата книга „Ч...
08.
Oct.
Најнови изданија
По „Атлас на светот“, „Животни“ и „Моето тело“, популарниот серијал илустрирани книги за деца „Моите патувања&ldquo...
28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.41 MB