Ново

„Случајно Ејми“ – кога случајноста ќе стане почеток на љубовна приказна

25.05.2026.
„Случајно Ејми“ – кога случајноста ќе стане почеток на љубовна приказна
„Случајно Ејми“ – кога случајноста ќе стане почеток на љубовна приказна

Нова романтична комедија што совршено ги спојува случајностите, хемијата и хаосот на првите впечатоци пристигна и кај нас. „Случајно Ејми“ од Лин Пејнтер, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“, е книга што лесно ќе ги освои љубителите на современи романтични приказни исполнети со хумор, искри и незаборавни ликови.

Eдно украдено кафе. Една мала лага. Ептен згоден тип. И едно од оние запознавања што се случуваат само во најдобрите филмови. Изабела Шеј, обично, е многу искрена личност. Но, кога постои можност да задоцни на првиот ден на својата работа од соништата и го слуша баристата како трипати ја повикува „Ејми“ без никој да се јави, не размислува двапати – се претставува како Ејми. На крајот на краиштата, тоа е истото кафе што го нарача и веќе го плати, па каква штета може да има? Освен тоа, подготвена е да ја прифати лошата карма што, можеби, си ја навлече, само за да стигне навреме.

Но, кога ќе се сврти и ќе се судри со најзгодниот маж што некогаш го видела истурајќи му го кафето врз кошулата и вратоврската, кои како да се излезени од модно списание за мажи, срцето ѝ потскокнува. Каква лоша карма? Хемијата меѓу нив е очигледна уште од првиот миг и пред неа се отвораат безброј можности... сè додека тој не рече: „Претпоставувам дека ќе се видиме утре, Ејми.“

Изи мисли дека следниот ден ќе може да ги среди работите. Но, кога пристигнува во новата канцеларија и го запознава директорот на својот оддел, Блејк Филипс, сфаќа дека тоа е преслаткиот непознат маж од кафулето. И, можеби, е шармантен со „Ејми“, но со Изи е арогантен муртенко - таков кому нејзиното објаснување воопшто не му е смешно. Сепак, малку по малку, привлечноста меѓу нив почнува да расте и ќе мора да најдат начин да работат заедно - без да пламнат - од гнев или од страст.

Со препознатлив лесен стил и духовити дијалози, Лин Пејнтер создава роман што се чита во еден здив. „Случајно Ејми“ е совршен избор за сите што сакаат современи љубовни приказни со силна хемија меѓу ликовите, забавни ситуации и емоции што постепено се развиваат. Книга што потсетува дека понекогаш најголемите приказни започнуваат токму со една мала, случајна грешка.

Книгата е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ традиционално ја организира продажната акција „Време е за училиште...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
27.
Jul.
Ново
Новата книга „Уметноста на трошењето пари“ од авторот на светските бестселери: „Психологија на парите“ и „Исто како и секогаш&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.97 MB