Вести

Промоција на Недопрени бисери во библиотеката Браќа Миладиновци – Скопје

13.03.2023.
Промоција на Недопрени бисери во библиотеката Браќа Миладиновци – Скопје

Збирката раскази „Недопрени бисери“ од Ленче Милошевска, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана утре (14 март, вторник), во 12 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. На настанот, кој ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“, кон делото ќе се осврне писателката Марина Мијаковска, а фрагменти од книгата ќе чита Винсент Виличник.

Книгата „Недопрени бисери“ од Ленче Милошевска е збирка раскази и кратки приказни. Меѓу овие страници ќе се сретнете со најразлични реалистично опишани ситуации: отсечоци од некои минати, но не многу далечни простор-времиња, исполнети со неприкосновена храброст и саможртва; предмети што со своите функции побудуваат различни асоцијации кај различни ликови и ситуации од коишто како заклучок неминовно произлегува дека душевниот мир не може да го замени ништо; описи на семејни односи и динамики со кои се сретнуваме сите − посредно и/или непосредно; љубовта кон родниот град, кон луѓето и кон животните, со кои неретко се разбираме подобро отколку со некои луѓе и чијашто загуба, исто така, нè боли...

Милошевска е поет, романсиер и преведувач. Таа е автор на четири романи, пет стихозбирки и дваесетина преводи од англиски, српски и хрватски на македонски јазик. Застапена е во повеќе поетски антологии, а нејзините песни се преведени на повеќе јазици. „Недопрени бисери“ е нејзина втора книга раскази.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14425

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
27.
Apr.
Вести
Во прекрасниот и инспиративен амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во петокот (24 април) беше промовирана книгат...
26.
Apr.
Вести
Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, во с...
22.
Apr.
Вести
На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваш...
18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.02 MB