Блог

Блог

„Маестро“ – маестрален филмски поглед кон животот на легендарниот композитор Леонард Бернштајн
10.
Mar
Во 2018 година, по повод стогодишнината од раѓањето на Бернштајн, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави неговата биографија. 
„Арс Ламина“ го објави „изгубениот“ роман на Маркес, истовремено со целиот свет
06.
Mar
„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од печат на македонски јазик, истовремено со целиот свет. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а наскоро и во сите други книжевни продажни места.
„Твоите пет следни потези“ - практичен и ефикасен водич за појасно размислување и постигнување на најхрабрите професионални цели
05.
Mar
Од креаторот на „Валјутејнмент“ (Valuetainment), број 1 канал на „Јутјуб“ за претприемачи и „еден од највозбудливите мислители“ во бизнисот денес, Патрик Бет-Дејвид, пристигна практичен и ефикасен водич за појасно размислување и постигнување на најхрабрите професионални цели насловен како „Твоите пет следни потези“.
ТАА ЗАСЛУЖУВА СÈ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА
01.
Mar
Од 1 до 8 март 2024 година во книжарниците „Литература.мк“ ќе се реализира продажна акција насловена како „Таа заслужува“ со попусти до 50%.
Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“,  за најдобар необјавен роман во 2024 година
01.
Mar
Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, е отворен и трае до 1 јули 2024 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.
„Литература.мк“ и радиото „Џез ФМ“ носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена
23.
Feb
„Литература.мк“, во партнерство со радиото „Џез ФМ“, најави почеток на низа музички настани во новото Café Literatura во „Дајмонд мол“. Под мотото „Читаме џез“ почнува новиот концепт на „Литература.мк“, чија мисија е организација на најквалитетните музички настани со врвни музички уметници, како и нови откритија, од домашната и регионалната сцена преку кои сите присутни ќе можат да ја истражуваат еволуцијата и мноштвото начини на кои џезот и книгите влијаат на културата.
Едицијата „Порта Европа“ го носи свежиот европски книжевен здив во македонската преводна книжевност
19.
Feb
На 16 февруари, со почеток во 19 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“, беше промовирана едицијата „Порта Европа“, во издание на „Арс Ламина“. Книжевната едиција „Порта Европа“ се состои од шест книги, сите добитнички на престижната Европска награда за книжевност последните неколку години, што ја доделува Европската унија: „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен, „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак, „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер, „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ, „Лекцијата на месечарот“ од Фредерико Педреира и „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер.  
ДЕТАЛИ ЗА КОМПЛЕТНО УЖИВАЊЕ ВО ЧИТАЊЕТО
16.
Feb
Вистинските книгољупци, освен што пасионирано следат што има ново во светот на убавиот пишан збор, уживаат во создавањето на пријатна атмосфера за својата омилена активност – читањето. Најчесто, тоа е посебно катче од домот со богата библиотека и многубројни детали поврзани со книгите. Додека ги избирате новите наслови во вашата домашна библиотека од попустите за време на „Денови на литературата“, за комплетирање на читачкото искуство, внимателно избирете и соодветна музика, шолја топол чај или кафе и уникатни додатоци, како обележувачи за книги и декоративни предмети.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.6 MB