Блог

Кои се најпродаваните изданија од „Арс Ламина“ во 2024 година?

10.01.2025.
Кои се најпродаваните изданија од „Арс Ламина“ во 2024 година?
Кои се најпродаваните изданија од „Арс Ламина“ во 2024 година?

Издавачката куќа „Арс Ламина“ бележи успешна книжевна година, со објавени 190 нови наслови, од кои – 50 книги за возрасни, 70 публикации за деца и 70 образовни изданија и списанија. Најпродавана книга за возрасни во 2024 година е „И јас сум Сирма“ од Зоран Спасов Ѕоф. Најпродаваното издание за деца е „Си беше еднаш“ – со најубавите бајки на сите времиња, кои се со нова раскажувачка адаптација на Оливера Ќорвезироска и илустрации од Наталија Лукомска. Во категоријата со образовни изданија, пак, најбарана беше збирката Математика 6.

Најпродаваната книга за возрасни „И јас сум Сирма“ е книжевен експеримент, историска фикција со примеси на драма, политички трилер и сатира. Авторот зема парчиња од нашата историја, од различни временски контексти и ги поврзува со една заедничка нишка – ликот на Сирма Војвода... Заработката од продажбата на „И јас сум Сирма“, како и претходните романи на Ѕоф, ќе биде донирана во хумани цели.
На второ место е „Лејла“ од Колин Хувер, број еден авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“. Станува збор за  роман што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта. 

На третата позиција е првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов. Во изданието, Михајлов открива познати и помалку познати случувања, факти и анегдоти за Панчев, за неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, почнувајќи од неговото детство, преку ангажманите во ФК Вардар и ФК Црвена звезда, па сѐ до европската фудбалска авантура. Во книгата се открива за животот на Панчев и надвор од зелениот терен...

На четвртата позиција е новиот роман на популарната авторка Јана Мишо - „Што се случи со Исидора?“ Приказната во овој трилер почнува по смртта на екстравагантната авторка Ноемија Нера. Нејзините отуѓени ќерки се враќаат во готската опатија каде што пораснале, заради отворање на тестаментот...

„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“  во издание на „Арс Ламина“, беше една од најбараните книги во 2024 година. Десет години по смртта на легендарниот колумбиски писател, книгата излезе од печат на македонски јазик, на неговиот роденден (6 март), истовремено во повеќе од 30 земји во светот.

На шестата позиција е мотивациската книга „Твоите пет следни потези“ од креаторот на „Валјутејнмент“ (Valuetainment), број 1 канал на „Јутјуб“ за претприемачи и „еден од највозбудливите мислители“ во бизнисот денес, Патрик Бет-Дејвид. Топ листата со најпродавани книги за возрасни во издание на „Арс Ламина“ ја комплетираат:  романот „Нов живот“ од најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литература, Орхан Памук,  „ЗЕН Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно и бестселерот „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон. 

Во 2024 година, „Арс Ламина“ продолжи со својата мисија да ја збогатува домашната литература за деца и млади со нови квалитетни и иновативни изданија. Покрај „Си беше еднаш“, наградуваната книга со избор од 52 најубави бајки на сите времиња од Ханс Кристијан Андерсен, браќата Грим и Шарл Перо, кои се спакувани во ново руво, високо на листата со најпродавани книги за најмладите читатели, објавени под „Либи“ – импринтот за детска литература на „Арс Ламина – публикации“, се најде и „Рокчето“ – првата книга за деца од познатиот македонски поет Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска. Следува големата книга „Нови бајки од Македонија“, објавена во соработка со Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ „Браво сине!“ На четвртата позиција се изданијата од едицијата „Размислувај како гениј“. Меѓу најбараните во 2024 година беа „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“, „Исидора Мун оди на одмор“ и „Исидора Мун слави роденден“, како и книгите за палавата братучетка на Исидора, Мирабела Ѕвездоимагиевска: „Мирабела прави палавости“ и „Мирабела ги крши правилата“. На листата се и книгата со активности „Дина и Додо: Во циркус“ и сликовницата „Авантурите на Дина и Додо: Чорапот на Дедо Мраз“, лектирата за седмо одделение – „Збунети години“ од Велко Неделковски,  „Хари Потер и Каменот на мудроста“ и „Пиши- бриши“: „Животните од Африка“, „Животните од Антарктик“ и „Животните од Европа“.

Најпродаванoто образовно издание е  новата збирка задачи со тестови по Математика за шесто одделение во основното деветгодишно образование. Оваа публикација е создадена според новата програма и ги покрива сите општи и конкретни стандарди од неа.

Оваа година беа барани и вежбанките по Македонски јазик во издание на „Арс Ламина“, од прво до петто одделение. Изданијата се направени според новата програма за овој предмет донесена од Бирото за развој на образованието. Овие вежбанки им помагаат на наставниците за поефикасна реализација на наставните содржини по македонски јазик, на ученикот, низ игровни активности, полесно да ги постигне очекуваните резултати поставени во програмата, а на родителите да го следат напредокот во учењето на своето дете.

На третата позиција се вежбанките по Математика од прво до петто одделение. Следуваат изданијата наменети за деца од предучилишна возраст, од 5-6 години (Детска планета, Математика и Графомоторички вежби). Петтото место го зазема вежбанката по Англиски јазик за петто одделение, English 5, со вежби и активности и тестови.

На листата се и новите вежбанки по предметот Природни науки, од 1 до 5 одделение, Математика и Графомоторички вежби за деца од предучилишна возраст, од 4-5 години, вежбанките по општество од прво до трето одделение, вежбанките по музичко за 4 и 5 одделение и Детска планета за 3-4 години.

Изданијата се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Заштеда 20%
450 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 990 МКД
16,02 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 1.290 МКД
20,87 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR
Заштеда 29%
490 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 200 МКД
3,24 EUR
Заштеда 20%
250 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 138 МКД
2,23 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
17.
Jun.
Акции
Летниот период е совршено време за бегство од секојдневието – а најубавото бегство секогаш започнува со добра книга. Токму затоа, во книжарниците &bdqu...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
10.
Jun.
Акции
Во пресрет на Светското првенство во фудбал 2026, кое повторно ќе го обедини светот околу најпопуларниот спорт на денешницата, Литература.мк започнува специј...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 12.57 MB