Култура

„Маестро“ – маестрален филмски поглед кон животот на легендарниот композитор Леонард Бернштајн

10.03.2024.
„Маестро“ – маестрален филмски поглед кон животот на легендарниот композитор Леонард Бернштајн
„Маестро“ – маестрален филмски поглед кон животот на легендарниот композитор Леонард Бернштајн

Легендарниот американски композитор, диригент и пијанист Леонард Бернштајн (1918 – 1990) никогаш нема освоено „Оскар“, но кинематографското остварување за неговата животна приказна „Маестро“ оваа година доби седум номинации за престижната награда. Филмот е во конкуренција во категориите за најдобар филм, најдобра главна машка и женска улога, за оригинално сценарио, најдобра шминка и фризура, кинематографија и најдобар звук.

Филмот, чиј режисер е Бредли Купер, кој ја толкува и носечката машка улога, може да се погледне на стриминг-сервисот „Нетфликс“. Филмот доби високи оценки од критичарите, кои нагласуваат дека „Маестро“ е маестрален филмски поглед кон животот на легендарниот композитор.

Покрај музичкиот дел од биографијата, во филмот значајно место има сложената љубовна приказна на Леонард и Фелисија, која траела 30 години, од периодот кога се запознале, во 1946-та, по што следувале две свршувачки, три деца и брак од 25 години, сè до смртта на актерката.

Сопругата на Бернштајн, актерката Фелисија Монтелегре,ја толкува Кери Малиган, која доби номинација за „Оскар“ за ова остварување. Во другите улоги се Маја Хоук, Џереми Стронг итн. Еден од продуцентите на филмот е Стивен Спилберг.

Леонард Бернштајн (25 август 1918 – 14 октомври 1990) е меѓу првите диригенти родени и образовани во САД, кои добиле светски признанија. Според музичкиот критичар Доналд Енанхан, тој бил еден од најталентираните и најуспешните музичари во американската историја. Тој бил долгогодишен музички директор на Њујоршката филхармонија. Познат е по неговите изведби на концерти со најголем дел од светските водечки оркестри, како и по неговата музика за „Приказната од западната страна“, „Петар Пан“, „Кандид“ и други композиции. Бернштајн бил првиот диригент кој имал серија телевизиски предавања за класичната музика, почнувајќи од 1954 година, па до неговата смрт. Бил квалифициран пијанист, често изведувајќи пијано-концерти. Исто така, тој бил критична фигура во современото заживување на музиката на Густав Малер, композиторот за кој најмногу бил заинтересиран. Како композитор, тој создавал во многу стилови што опфаќале симфониска и оркестрална музика, балет, филмска и театарска музика, хорски дела, опера, камерна музика и дела за пијано. Многу од неговите дела редовно се изведуваат низ целиот свет.

Во 2018 година, по повод стогодишнината од раѓањето на Бернштајн, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави неговата биографија. Авторот на книгата Хемфри Бартон вели: „Каква ли предност имав пред кој било друг конвенционален биограф! Дискретно ја скривав сопствената блискост со Леонард Бернштајн, ограничувајќи се на фусноти во стилот ’Авторот бил присутен во таа пригода‘, меѓутоа како негов постојан соработник, 25 години бев интимно поврзан со Бернштајн и со неговите светови. Најмалку што можев да сторам за да му се одолжам на некој начин по неговата смрт беше да напишам негова биографија. Целта ми беше да создадам еден заокружен портрет на неговиот творечки и личен живот. Тој беше човек за кого музиката беше постојана, опсесивна нужност, сеедно дали како композитор, диригент, едукатор, пијанист или како писател. Во рубриката ’професија‘ од својот пасош се опишуваше себеси со еден збор: ’музичар‘. Музиката навистина беше неговиот живот, но неговиот живот беше многу повеќе отколку само музика“.

Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е достапна во поголемите книжарници, а може да се нарача и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 890 МКД
14,40 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Jul.
Филм
Шпионските приказни ретко се сведуваат само на тајни мисии и на возбудливи акции. Во делата на Џон ле Каре тие се пред сè приказни за луѓето, за нивни...
10.
May.
Филм
Книжевниот класик „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, објавен во 1943 година, и денес важи за едно од највлијателните дела во светската ли...
05.
Apr.
Филм
Приказната за Мери Попинс е едно од најшармантните и најволшебни дела во детската литература.
27.
Mar.
Филм
Романот „Драг Едвард“ од Ен Наполитано, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“, е едно од оние дела...
19.
Mar.
Култура
Со особена чест го најавуваме третото издание на Фестивалот за литература и општа култура „Видик“, што ќе се одржи од 25 март до 8 април 2026 год...
08.
Mar.
Филм
Постојат приказни што со векови тивко чекаат некој да им го даде гласот што го заслужуваат. „Хамнет“ од Меги О’Ферел е токму таква приказна...
01.
Mar.
Филм
„Приказната за Десперо“ е повеќе од детска бајка. Таа отвора теми за прифаќањето на различностите, храброста да се биде свој и моќта на емпатијат...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.52 MB