Филм

Препорака за филм според книга: „Тајната градина“ од Франсес Хоџсон Барнет

31.08.2025.
Препорака за филм според книга: „Тајната градина“ од Франсес Хоџсон Барнет
Препорака за филм според книга: „Тајната градина“ од Франсес Хоџсон Барнет

Малку книжевни класици имаат толкава магија и долговечност како „Тајната градина“ од британската авторка Франсес Хоџсон Барнет. Романот, првпат објавен во 1911 година, и денес плени со својата приказна за детството, пријателството и моќта на природата да лекува. Со текот на годините делото било адаптирано во многубројни филмски и театарски верзии, но новата филмска екранизација од 2020 година внесува свеж дух и современа визуелна магија во ова класично дело.

Филмот „Тајната градина“  е во продукција на тимот кој стои зад филмската верзија на серијалот за Хари Потер. Во главните улоги се: Колин Фирт, Џули Волтерс и Дикси Егерикс. Приказната, која е сместена на почетокот на 20 век, се движи околу десетгодишната Мери Ленокс, која по загубата на нејзините родители е пратена од Индија да живее на мрачниот имот на нејзиниот вујко во дивината на англиските мочуришта. Таа е осамена и нема со кого да си игра, но еден ден дознава дека некаде на имотот има тајна градина во која не смее да влезе никој. Тогаш Мери наоѓа еден стар клуч во една цветна леа – и налет на магија ја води до скриената врата. Полека го завртува клучот и влегува во свет за кој никогаш не ни замислувала дека може да постои. Првото издание на книгата било објавено во 1911 година, откако била објавувана како приказни во продолженија во „Американски магазин“. Важи за едно од најпопуларните дела на Франсес Хоџсон Барнет и еден од најчитаните британски детски книжевни класици на сите времиња. Романот повеќепати е адаптиран за филм и театар.

Ова е четврта голема филмска адаптација на романот, режирана од Марк Манден, со сценарио на Џек Торн. Дејството е поставено во 1947 година, што внесува нов историски контекст и визуелен шарм, но магијата на градината и нејзината порака остануваат исти – надеж, лекување и втора шанса.

„Тајната градина“ е филм кој истовремено ги радува најмладите и ги враќа возрасните во сопственото детство. Приказната нè потсетува на важноста на љубопитноста, грижата и блискоста со природата. Филмот ја пренесува безвременската порака на книгата со визуелно спектакуларни сцени и топла емоционална нишка.

Книгата на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 299 МКД
4,84 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
31.
Oct.
Филм
„Тивкиот Американец“ од Греам Грин  е двослоен роман. Може да се чита како романса, но и како политичка драма.
25.
Oct.
Филм
„Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е лектира за ...
18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.08 MB