Филм

Препорака за филм според книга: „Бело се пере на деведесет“ - трогателна, но суптилно хумористична приказна

21.12.2025.
Препорака за филм според книга: „Бело се пере на деведесет“ - трогателна, но суптилно хумористична приказна
Препорака за филм според книга: „Бело се пере на деведесет“ - трогателна, но суптилно хумористична приказна

Овој викенд ви го препорачуваме новиот филм „Бело се пере на деведесет“, кој неодамна имаше премиерна проекција во киното „Фросина“, во рамките на фестивалот „Синедејс“. Станува збор за филмска адаптација на истоимениот, наградуван роман на словенечката авторка Броња Жакељ.

Режијата е на Марко Набершник, кој заедно со авторката го потпишува и сценариото. Филмот е реализиран како копродукција на Словенија, Италија, Хрватска, Србија, Црна Гора и македонската „Црна мачка продукција“. Во една од значајните улоги се појавува и Аница Добра, која беше и гостинка на проекцијата во Скопје.

Филмот раскажува трогателна, инспиративна и суптилно хумористична приказна за животот на Броња (ја толкува Леа Цок), следејќи ја низ различни животни фази. Како дете, таа безгрижно го истражува светот со својот помлад брат Рок и наоѓа утеха кај својата баба Дада (Аница Добра). Но, детството нагло ѝ завршува со смртта на мајка ѝ од рак, а во тинејџерските години и самата се соочува со тешка дијагноза – Хоџкинов лимфом.

Приказната, заснована на вистински настани, го прикажува патот на созревањето и личната трансформација на Броња во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век, нудејќи силна порака за надеж, истрајност и љубов кон животот.

Директор на фотографија е Максимилијан Сушник, монтажата е на Милица Јелача-Спасиќ, музиката ја потпишува Лука Чут, а инженер на звук е Игор Поповски.

Улогите ги толкуваат: Леа Цок, Аница Добра, Јуриј Зрнец, Тјаша Железник, Жига Шорли, Меи Рабич, Јака Мехле, Владимир Тинтор, Ива Крајнц Баргола, Саша Табаковиќ, Јуре Рајшп, Полона Јух и Блаж Доленц.

Книгата „Бело се пере на деведесет“ е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во едицијата „Литера модерна“, со поддршка од книжевната мрежа ТРАДУКИ. Романот ја доби највисоката словенечка книжевна награда „Кресник“ за 2019 година, а досега се продадени речиси 20.000 примероци и преведен е на повеќе јазици.

Броња Жакељ е новинарка по професија, со искуство во маркетинг и банкарство, а токму потребата за креативен израз ја води кон пишувањето на овој нејзин прв роман – дело што ѝ го отвори патот кон книжевноста.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Mar.
Филм
Постојат приказни што со векови тивко чекаат некој да им го даде гласот што го заслужуваат. „Хамнет“ од Меги О’Ферел е токму таква приказна...
01.
Mar.
Филм
„Приказната за Десперо“ е повеќе од детска бајка. Таа отвора теми за прифаќањето на различностите, храброста да се биде свој и моќта на емпатијат...
22.
Feb.
Филм
Еден од најголемите книжевни класици, кој оставил трајно влијание во светската литература, е безвременскиот роман Гордост и предрасуда од Џејн Остин.
15.
Feb.
Филм
Во 2026 година се одбележуваат 25 години од почетокот на филмската франшиза за „Хари Потер и каменот на мудроста“, која во 2001 година ја донесе ...
08.
Feb.
Филм
Култниот роман на Вилијам Голдинг од 1954 година, „Господарот на мувите“, доби нова и моќна телевизиска адаптација.
31.
Jan.
Филм
Во анимираниот филм „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо, овој класичен лик добива сосема нова, подлабока и помрачна димензија.
25.
Jan.
Филм
Ако барате нежна, магична и поучна серија за деца – инспирирана од омилените детски книги - „Исидора Мун прави зимска магија“ е вистинскиот...
18.
Jan.
Филм
Романот „Хамнет“ е едно од најнаградуваните книжевни дела во последните години – светски бестселер, добитник на престижни награди. 
11.
Jan.
Филм
Љубителите на напнати трилери на почетокот на оваа година можат да уживаат во новата серија на стриминг-сервисот „Нетфликс“ – „Бегај&...
04.
Jan.
Филм
Овој празничен викенд ви го препорачуваме анимираниот филм „Кралицата на Срцата го забрани Божиќ“, во режија на Питер Бејнтон, кој е инспириран о...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11 MB