Филм

Празнична препорака за филм според книга: „Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс

28.12.2025.
Празнична препорака за филм според книга: „Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс
Празнична препорака за филм според книга: „Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс

Во деновите кога плоштадите и улиците светат во празнични бои, а домoвите се исполнети со мирис на колачи, чај и топлина, природно се враќаме кон приказни што нè потсетуваат на вистинските вредности на празниците – добрината, сочувството, простувањето и љубовта. Токму ваква безвременска приказна е „Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс – дело кое еднакво силно живее и на страниците на книгата и на филмското платно.

Овој класик е совршен избор за празнично читање, но и одлична препорака за филмска вечер во кругот на семејството.

„Божиќна песна“ ја раскажува приказната за сметководителот и скржавец Ебенизер Скруџ, човек кој целосно ги отфрла божиќните обичаи и сè што симболизираат тие – несебичност, човечност и топлина. За него, Божиќ е само уште еден обичен ден.

Но, за време на една студена божиќна ноќ, што решава да ја помине осамен, Скруџ го посетува духот на неговиот покоен партнер Џејкоб Марли, а потоа и духовите на божиќното минато, сегашност и иднина. Преку овие натприродни средби, Скруџ е принуден да се соочи со сопствените постапки, пропуштени шанси и последиците од својот себичен живот – патување што води кон длабока лична преобразба.

Новелата, првпат објавена во 1843 година, веќе 185 години е постојано во печат, преведена на многубројни јазици и адаптирана во безброј сценски и филмски верзии – доказ за нејзината универзалност и вечна актуелност.

Книгата „Божиќна песна“ е достапна во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина публикации“, и е вклучена во листата на лектирни изданија, што ја прави одличен избор и за млади читатели, но и за возрасни кои сакаат повторно да се навратат на класиката.

За оние што сакаат приказните да ги доживеат и визуелно, анимираниот филм „Божиќна песна“ („A Christmas Carol“) од 2009 година во продукција на „Дизни“ е впечатлива и поинаква интерпретација на делото на Дикенс.

Филмот е режиран, напишан и продуциран од Роберт Земекис, а во главната улога блеска Џим Кери, кој преку технологија motion-capture им дава живот на неколку ликови, вклучувајќи го и Скруџ. Гласовите ги позајмуваат актерите: Гери Олдман, Колин Фирт, Боб Хоскинс, Робин Рајт Пен и Кери Елвес.

Анимацијата е изработена со техника motion-capture, позната од филмови како The Polar Express и Beowulf, што му дава на филмот реалистичен, но и мрачен визуелен тон.

Филмот доби пофалби за визуелниот изглед, музиката и актерските изведби, а освои и признанија, меѓу кои и награда за Џим Кери на Kids’ Choice Awards.

Без разлика дали ќе ја изберете книгата, филмот или – уште подобро – и двете, „Божиќна песна“ нè потсетува дека никогаш не е доцна за промена, дека добрината има моќ да го преобрази човекот и дека вистинскиот дух на празниците се наоѓа во споделувањето со другите. Ова е приказна што се чита, гледа и чувствува – особено во овој магичен, празничен период.

Книгата е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 200 МКД
3,24 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
31.
Oct.
Филм
„Тивкиот Американец“ од Греам Грин  е двослоен роман. Може да се чита како романса, но и како политичка драма.
25.
Oct.
Филм
„Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е лектира за ...
18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.11 MB