Филм

„Ноќта пред Божиќ во Земјата на чудата“ – празнично уживање за целото семејство

04.01.2026.
„Ноќта пред Божиќ во Земјата на чудата“ – празнично уживање за целото семејство
„Ноќта пред Божиќ во Земјата на чудата“ – празнично уживање за целото семејство

Овој празничен викенд ви го препорачуваме анимираниот филм „Кралицата на Срцата го забрани Божиќ“, во режија на Питер Бејнтон, кој е инспириран од сликовницата „Ноќта пред Божиќ во Земјата на чудата“.  Книгата од авторот Карис Бексингтон, со илустрации на Кејт Хиндлина, на  македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.  Во долгометражниот цртан филм користени се илустрациите од сликовницата, што ја прави приказната уште поволшебна и препознатлива за најмладите.

Во приказната, Принцезата Срце, како дете, му пишала писмо на Дедо Мраз, но тоа стигнало до него со големо задоцнување. Десет години подоцна, таа станува зла Кралица на Земјата на чудата која мрази Божиќ. Но, Дедо Мраз, тргнат на пат во санката со впрегнати ирваси, решава да ја исполни заборавената желба. Со помошта на љубопитната мала Алиса, почнува волшебна авантура во стихови, која завршува со прекрасен пресврт – Кралицата Срце се зарекува дека ќе биде љубезна и добра.

Сликовницата и филмот ќе ги стоплат срцата на децата, но и на возрасните, создавајќи празнична магија и порака за љубовта, милоста и радоста. Гласовите за главните улоги ги по позајмуваат: Џерард Батлер, Емилија Кларк и Симон Ешли.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
31.
Oct.
Филм
„Тивкиот Американец“ од Греам Грин  е двослоен роман. Може да се чита како романса, но и како политичка драма.
25.
Oct.
Филм
„Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е лектира за ...
18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.11 MB