Филм

„Бегај“ – нова трилер-серија на „Нетфликс“ според романот на Харлан Кобен

11.01.2026.
„Бегај“ – нова трилер-серија на „Нетфликс“ според романот на Харлан Кобен
„Бегај“ – нова трилер-серија на „Нетфликс“ според романот на Харлан Кобен

Љубителите на напнати трилери на почетокот на оваа година можат да уживаат во новата серија на стриминг-сервисот „Нетфликс“ – „Бегај“ (Run Away), базирана на истоимениот роман на Харлан Кобен. Станува збор за уште една возбудлива адаптација која ја потврдува репутацијата на Кобен како мајстор на психолошките трилери што пленат широка публика низ светот. ТВ-серијата премиерно беше прикажана на 1 јануари 2026, а веќе добива одлични критики од публиката и критичарите.

Станува збор за британска мини-серија со 8 епизоди, во режија на Нимер Рашед и Ишер Сахота, а во главните улоги се појавуваат Џејмс Несбит, Мини Драјвер, Рут Џонс и Алфред Енох. Зад продукцијата стои и самиот Харлан Кобен, што е гаранција за верна и возбудлива адаптација.

Приказната почнува со вознемирувачка премиса: ќерката на Сајмон Грин исчезнала пред шест месеци. Кога сосема случајно ја забележува во Централ парк, но таа веќе не е девојчето што го памети... Таа повторно бега од него. Наскоро следуваат насилство, сомнителни убиства и мрежа од тајни што го влечат Сајмон сè подлабоко во опасен свет од кој нема лесно враќање. Првата епизода веднаш го поставува тонот – мрачен, напнат и емоционално тежок – со прашање што постојано одекнува: до каде е подготвен да оди еден родител за да го спаси своето дете?

Романот „Бегај“ од Харлан Кобен е достапен и на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од публикациите на „Арс Ламина“. Во книгата, читателот ја следи истата напната приказна за таткото кој трага по својата исчезната ќерка. Делото е одлично ако сте љубители на психолошки трилери, неочекувани пресврти и брзо темпо.

Наша препорака: прочитајте ја книгата, па погледнете ја серијата – затоа што кај Харлан Кобен, секоја страница и секоја сцена носат ново изненадување.

Инаку, покрај „Бегај“, досега 12 книги на Харлан Кобен добиле ТВ или филмска адаптација. Во 2018 година потпиша договор со „Нетфликс“ за адаптација на 14 негови романи, меѓу кои: The Stranger (2020), The Innocent (2021), Stay Close (2021), Fool Me Once (2024).

Книгата „Бегај“ е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
31.
Oct.
Филм
„Тивкиот Американец“ од Греам Грин  е двослоен роман. Може да се чита како романса, но и како политичка драма.
25.
Oct.
Филм
„Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е лектира за ...
18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.08 MB