Филм

Филмска препорака според романот на Меги О’Ферел, „Хамнет“ – кога болката станува уметност

18.01.2026.
Филмска препорака според романот на Меги О’Ферел,  „Хамнет“ – кога болката станува уметност
Филмска препорака според романот на Меги О’Ферел,  „Хамнет“ – кога болката станува уметност

Постојат приказни што со векови тивко чекаат некој да им го даде гласот што го заслужуваат. „Хамнет“ од Меги О’Ферел е токму таква приказна. Повеќе од четиристотини години, животот и смртта на синот на Вилијам Шекспир остануваат речиси незабележани во сенката на неговото генијално творештво – сѐ додека Меги О’Ферел не ѝ подари душа, емоција и длабочина на оваа заборавена судбина.

Романот „Хамнет“ е едно од најнаградуваните книжевни дела во последните години – светски бестселер, добитник на престижните награди „Women’s Prize for Fiction“ и „British Book Awards“ и, според многу критичари, круна на книжевната кариера на О’Ферел. Романот „Хамнет“ од Меги О’Ферел на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Ова тивко, но длабоко книжевно ремек-дело доби и своја филмска адаптација. Историската драма „Hamnet“, во режија на оскаровката Клои Жао, е создадена во блиска соработка со самата Меги О’Ферел, која е коавторка на сценариото.

Филмот ја драматизира љубовната врска и бракот меѓу Агнес (Ен) Хатавеј и Вилијам Шекспир, како и разорната загуба на нивниот единаесетгодишен син Хамнет – трагедија што засекогаш ќе го обележи нивниот однос и ќе стане тивка инспирација за создавањето на „Хамлет“.

Во главните улоги блескаат Џеси Бакли (Агнес Хатавеј) и Пол Мескал (Вилијам Шекспир), чии изведби добија исклучителни пофалби од критиката, а во актерската екипа се и Емили Вотсон и Џо Алвин. Џеси Бакли за оваа улога освои „Златен глобус“ и награда Critics’ Choice за најдобра актерка, беше номинирана за SAG награда и ја доби наградата Vanguard на Palm Springs Film Festival.

Филмот премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Телурајд и се најде меѓу десетте најдобри филмови за 2025 година според Американскиот филмски институт (AFI).

„Хамнет“ е роман за двајца исклучителни луѓе поврзани со длабока љубов, но и со незамислива загуба. Во летото 1596 година, во Стратфорд, нивниот мирен семеен живот се распаѓа кога малата Џудит ненадејно се разболува. Нејзиниот брат близнак Хамнет тргнува во очајна потрага по помош – мајката Агнес е далеку, таткото во Лондон. Никој не претчувствува дека токму ова дете ќе го загуби животот.

О’Ферел создава нежен, болен и незаборавен портрет на момче чијшто краток живот ќе остане запаметен само преку името на една од најголемите драми во светската литература. Тоа е приказна за тагата што разорува, но и за љубовта што опстојува – и за уметноста што се раѓа од болката.

Филмската адаптација на „Хамнет“ бележи исклучителен успех на светските филмски фестивали. Критичарите особено ги истакнаа суптилната режија на Клои Жао, визуелната поетика на филмот и маестралните актерски изведби на Џеси Бакли и Пол Мескал. Филмот доби исклучително високи оценки од светската филмска критика, со пофалби дека станува збор за еден од најнежните и најемотивни историски филмови во последната деценија. Редовно се најде на листите за најдобри филмови на 2025 година, вклучувајќи ја и престижната селекција на Американскиот филмски институт (AFI), а се очекуваат и номинации за Оскар, особено во категориите за главни актерски улоги, адаптирано сценарио и режија.

По успешната фестивалска и ограничена кинодистрибуција, филмот наскоро ќе биде достапен и во редовната кинопрограма. Доколку сакате филмови што оставаат тишина по одјавната шпица – и книги што долго одѕвонуваат кај читателот – „Хамнет“ е приказна што не треба да ја пропуштите. Прво прочитајте ја. Потоа, доживејте ја и на филмското платно.

Книгата е достапна во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
31.
Oct.
Филм
„Тивкиот Американец“ од Греам Грин  е двослоен роман. Може да се чита како романса, но и како политичка драма.
25.
Oct.
Филм
„Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е лектира за ...
18.
Oct.
Филм
Половина век по објавувањето на еден од најпознатите хорор-романи, „Кери“, приказната на Стивен Кинг повторно оживува на екран – овојпат ка...
04.
Oct.
Филм
Ако сте љубител на класични детективски мистерии, на мрачни атмосфери и на приказни во кои секоја трага крие ново прашање, тогаш „Баскервилскиот пес&ld...
27.
Sep.
Филм
Ако „Сјаење“ е приказна за едно дете заробено во хотелот и во ужасот што се случува таму, „Доктор Сон“ е приказна за тоа што останува...
13.
Sep.
Филм
Книгата  „Волшебникот од Оз“  од Л. Френк Баум е дел од лектирите за четврто одделение, во издание на „Либи“, дел од &bdquo...
06.
Sep.
Филм
Секое навраќање на култната македонска серија, со која пораснаа многу генерации - „Опстанок“, е  потсетување за едно минато и за незаборавно...
30.
Aug.
Филм
„Низ иглени уши“ му донесе светска слава на Кен Фолет и подоцна доби успешна филмска адаптација.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.12 MB