Ако сте љубител на мистерии што ве држат во неизвесност до последната сцена, тогаш серијата „И не остана ниту еден“ (2015) е вистинскиот избор за вас. Станува збор за телевизиска адаптација на истоимениот роман на Агата Кристи, кој важи за едно од нејзините најголеми ремек-дела.
Романот „И не остана ниту еден“, објавен во 1939 година, и денес се смета за еден од најдобрите и најпродавани криминалистички романи на сите времиња. Агата Кристи изјавила дека токму ова е книгата со која е најзадоволна од своето творештво. Приказната почнува кога осум луѓе, кои претходно никогаш не се сретнале, добиваат покана да престојуваат на изолираниот Војнички Остров. Таму ги пречекуваат само слугите, а мистериозните домаќини се отсутни. Наскоро, преку снимка од грамофон, секој од присутните е обвинет за злосторство од минатото. Еден по еден, гостите почнуваат да умираат, а нивната судбина застрашувачки се совпаѓа со стиховите од детската песничка „Десет мали војници“.
Истата мрачна и клаустофобична атмосфера е верно пренесена и во триделната британска серија „И не остана ниту еден“, која беше прикажана во 2015 година на Би-би-си оне. Сценариото е на Сара Фелпс, а режијата на Крег Вивеирос. Во актерската екипа се појавуваат познати имиња, какви што се: Чарлс Денс, Сем Нил, Ејдан Тарнер, Миранда Ричардсон и други.
Серијата ѝ останува верна на основната приказна од романот, но дополнително ги истражува психологијата, вината и тајните на ликовите. Одличната кинематографија, мрачните пејзажи и постојаното чувство дека никој не е безбеден создаваат напнатост што не попушта до крајот. Секоја епизода отвора нови прашања, а секој лик е потенцијален осомниченик и жртва во исто време.
За сите што уживаат во интелигентни детективски приказни, оваа адаптација претставува совршено надополнување на книжевното искуство. Акове воодушевила книгата, серијата ќе ви овозможи повторно да ја доживеете истата морничава мистерија во визуелна форма, а ако прво ја погледнете серијата, романот ќе ви понуди уште подлабоко навлегување во еден од најбрилијантно осмислените заплети во историјата на криминалистичката литература.
Издавачката куќа „Арс Ламина“ го објави романот „И не остана ниту еден“ како дел од специјалната колекционерска едиција посветена на стогодишнината од творештвото на Агата Кристи. Колекцијата содржи 12 од нејзините најпознати дела и претставува вистинско богатство за сите љубители на детективскиот жанр.
Книгата „И не остана ниту еден“ е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку веб-страницата на Literatura.mk.