Литература

„Враќањето на Шерлок Холмс“-Нервот на детективскиот роман

04.07.2024.
„Враќањето на Шерлок Холмс“-Нервот на детективскиот роман
„Враќањето на Шерлок Холмс“-Нервот на детективскиот роман

Нема кој не слушнал за ексцентричниот и остроумен Шерлок Холмс, единствен во својата хистерија да го реши секое злосторство, ракувајќи со сиромашните форензички ресурси, пркосејќи и на недоволната заангажираност на полициските службеници. 

Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш, но можеби најсилно во своето творештво ја докажува уникатноста на неговите идеи кои се косат со логиката, па и менталната гравитација. Шерлок Холмс со шарм и екстраваганцијата на високата класа се втурнува во клучалки претесни за стандардниот човечки капацитет. Дури и кога се појавува анимозитетот на околината тој точно знае кој механизам да го подмачка за да го издејствува конечниот одговор. Притоа ги предвидува реакциите на инволвираните и се повикува на реплики што долго потоа се цитираат.

Раскажана низ перспективата на Вотсон, верниот придружник и социјалниот бастун на детективот со главата во облаци, дејството е сместено некаде по исчезнувањето на Холмс од светот на елитните детективи, тогаш кога професорот Моријарти го носи речиси во смрт. Како единствен човек на кого ја полага целата доверба тој му ја разоткрива слепата вистина пред повторно да се втурне во водите кои најдобро ги познава-војната со злосторничките умови.

„Напуштената куќа“ е расказ кој на читателот му ја обелоденува носталгијата за врелиот и непопустлив темперамент на Шерлок Холмс, проследен со неговиот брз и дедуктивен ум, но и амбиентот кој Конан Дојл непогрешно го создава во секое пишано парче од својата уметност. Фрапантна е и загонетката скриена зад ѕидовите на „Приоритатското училиште“, но и горчината што се пени како бран во карпест масив по крајбрежјата на Северното Море во расказот “Црниот Пeтaр”.

Доколку не сакате да се ангажирате со долга проза, а од друга страна ви недостасува предизвик што ќе ги разбранува мозочните вијуги, кој ќе ве остави подзинати  на секои десеттина страници да ги преиспитувате методите на Холмс и Вотсон, но и да ги профилирате можните сомнителни лица, тогаш препуштете се на ова сензационално дело. Иако напишана во периодот помеѓу 1903-1904, а публикувана во 1905, Шерлок Холмс има децениски стаж на омилен книжевен и телевизиски детектив.

 

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

01.
Jul.
Литература
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со А...
01.
Jul.
Литература
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
01.
Jul.
Литература
Од авторот на меѓународните бестселери „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат...
01.
Jul.
Литература
Една од најочекуваните книги оваа година, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, наскоро ќе излезе од печат во изд...
01.
Jul.
Литература
Големиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во Тирана, од срцев удар, на 88-годишна возраст. Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари ...
29.
Jun.
Литература
Летниот одмор не може да се замисли без добра книга. Книгите се одлична придружба во летните денови, поминати под сенката на плажа, во ладовина на планина ил...
05.
Jun.
Литература
Разговаравме со македонскиот автор Владо Јаневски за наградата и едицијата „Пегаз“, за процесот на пишување и конкурирање.
07.
May.
Литература
Не творам за да бидам наградуван, пишувам затоа што не можам да живеам без тоа, иако, на крајот, доколку се случи делото да биде наградено, уживам во резулта...
02.
May.
Литература
Овој празничен период развеселете ги своите најмили со најшарените велигденски изданија за деца. Наполнете ја книжевната велигденска кошница со сликовници, к...
05.
Apr.
Литература
Магијата на приказните е безгранична! Приказните ги учат децата на сите животни лекции. Им помагаат да сознаат што е добро, а што е лошо, како си ги распозна...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.68 MB