Рецензии

„Ова лето ќе биде поразлично“ – Диорама на љубовта

08.08.2026.
„Ова лето ќе биде поразлично“ – Диорама на љубовта
„Ова лето ќе биде поразлично“ – Диорама на љубовта

Љубовната ролна на Луси и на Феликс се одмотува на идиличниот остров Принц Едвард. Овој малечок остров, со огнени кражбрежја што црвенеат под врелите бакнежи на сонцето и со брегови што се пенат на песочните плажи, е волшебна симфонија на природата која, кога ќе се почувствува, носи среќа. Сепак, Луси ја имала токму таа среќа од илјадниците жители и туристи, уште од првиот ден на островот да го запознае прекрасниот Феликс, со пенетрирачки сини очи, со брановидни кадрици и со тен бакнат од сонцето. Наивниот флерт не завршува на шанкот во „Шек Малпек“  и Луси паѓа во страсна хипноза помеѓу неговата кожа со вкус на сол.

Иако тука е поради својата најдобра пријателка од која има строго упатство никогаш да не се сплетка со нејзиниот брат, Луси се шокира кога дознава дека згодниот Феликс е всушност „малиот“ Вулф. Стореното не може да го врати назад.

Романот го шета читателот, напред-назад, за време на пет лета кога Луси и Феликс се среќаваат на островот Принц Едвард со ветување дека нема да ја повторат истата грешка. Но двајцата се однесуваат како расипан темпомат во близина на другиот, и тешко им е да ја одржат брзината со која пропаѓаат во емотивно бунило. Предупредени се за последиците што вртоглавата авантура може да ги донесе за сите нив, така што Бриџит повторно ќе се најде на средина на кругот, помеѓу нејзината најдобра пријателка и незапирливиот мачомен од брат. Кога Луси ќе ја запознае Џој, поранешната свршеница на Феликс и поранешна најдобра пријателка на Бриџит, и кога устата несвесно ќе започне да ѝ се поткрева во гримаса на завист, веќе не може да глуми. Таа се вљубува во Феликс. Каква иднина има нивната врска без обврски? Дали ќе продолжат да ја разгоруваат страста сѐ додека нечие срце не се пеплоса? Или ќе надвладее здравиот разум и Луси ќе одговори на повикот за пријателството?

Сончева, врела и забавна љубовна приказна за шансите што како остриги се отвораат под ѕвездите, мирисаат на крема за сончање и на слатка забрана.


Забавни факти

Островот Принц Едвард е најмалата провинција во Канада.

Именуван е во 1799 година по принцот Едвард од Кент, кој бил син на англискиот крал Џорџ и татко на кралицата Викторија. Првенствено бил крстен Островот на Свети Јован, но името било променето за да се разликува од други острови во околината со истото име.

Домаќин е на Конфдерацискиот мост, најголемиот мост над замрзната вода во светот, долг 12.9 км.

 Бојата на познатите црвени крајбрежни карпи се должи на околината богата со железен оксид. Се смета дека околу островот е лоцирана најтоплата вода во Канада.

 Четвртина од производството на компири на островот се произведува токму на островот.

Од мај до јуни и од август до октомври е период на јастози на островот. 


Јована Матевска Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
02.
May.
Рецензии
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат...
03.
Apr.
Рецензии
Роман што живее долго во вашата потсвест како дел од преживеаната популација по ковид-пандемијата, и отвора теми што ќе ви бидат интригантни за истражување.&...
23.
Mar.
Рецензии
Стела Хадсон е АНИ- адвокат за најдобар интерес, специфична професија во која целосно се впуштила по преживеана лична траума.
14.
Mar.
Рецензии
Никогаш доста од книги што ја слават женската сила! Првата книга е за генијалноста зад убавината, а втората за генијалноста зад генијалецот. Авторката Мери Б...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.07 MB