Рецензии

„Случајно Ејми“—Украдена голтка љубов

12.09.2026.
„Случајно Ејми“—Украдена голтка љубов
„Случајно Ејми“—Украдена голтка љубов

Оглас: Кафе со зачини од тиква, прав есенски деликатес во кафетеријата „Скутерс“, на име Ејми


Кафето ги поврзува сродните души, а служи и како одличен изговор за прв состанок. Во случајот на Изи, кафето е поврзано со невина кражба и со нетрпението да се вкуси порочниот пијалак. Кога лажно ќе се одѕвие на името Ејми, инстант-кармата стартува и го истура врелиот пијалак врз уште поврелиот тип, кој подоцна, неслучајно, го добива прекарот господин Гради.

Иако изговорот на Изи е дека брзала за првиот работен ден како службеничка за човечки ресурси, моралните судии на Блејк и на Изи не се едногласни во изречената пресуда. Судбината ја соочува гради в гради со господин Гради кога ќе дознае дека е нејзин шеф во компанијата „Елис“. Блејк воопшто не е воодушевен од слатката приказна на Изи, од тоа а како за момент станала Ејми и како практично украла нечие кафе. Блејк го гради животот според старомодни вредности и според цврсти етички принципи, а мрази лаги и заобиколувања.

Првата средба, која можела да биде романтична верзија на „Како ја запознав мојата девојка“, прераснува во тивка војна, наоружана со тензија и со емоционално превирање меѓу Изи и Блејк.

Изи е несредена и хаотична, никогаш не ја затвора вратата и живее во мала зграда со своите братучеди. Ужива во ноќите играјќи „Билборд глупаци“ и ја гледа „Мала куќа во преријата“. Блејк е намќор и арогантен, предаден на работната рутина и на корпорациските правилници, а под костумот е нежен, внимателен и педантен, искрен човек што ја прифатил феминизираната верзија во себе, па станал фанатик за дисциплина и за организација и љубител на мачки.

Помеѓу гломазните разлики се исправа псевдонимот Ејми, кој ќе ја продолжи нивната платонска и отпрвин непријателска врска, ќе ја скрие во кожурокот на невиноста и на опсесијата – толку остра предигра што полека се прегрева, додека последните одронки восок паѓаат од нивните души.

Дали симпатијата го раскршува оклопот и дали може да ги надмине убедувањата што се наталожиле како карактерни седименти? И дали првичниот впечаток е пресуден или љубовта се случува и на втора шанса?

Оваа романса е пливање во безбеден периметар кон длабокото, кога нозете полека се одвојуваат од тлото во потрага по апнеичен адреналин и виор што растропотаното срце го остава во главата. „Случајно Ејми“ е слатка романса, напишана во манирот на модерните врски што напоредно созреваат со растењето на ликовите.


Јована Матевска Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

10.
Oct.
Рецензии
Ова не е приказна за семејството Рива. Ова е приказна за Малибу, за дивото крајбрежје пред да биде припитомено во седло на елитата и од зависниците од адрена...
26.
Sep.
Рецензии
Лоти е симпатична седумдесетгодишна бабичка што ги претоплува остатоците од вечерата, игра бинго и томбола и оди на миса во црквата „Првиот завет&ldquo...
22.
Aug.
Рецензии
Берис Беј. Магично гратче во Онтарио сместено покрај езерото Каманискег, вечен споменар на децата и на тинејџерите: врежани иницијали на клупи и на стебла, м...
08.
Aug.
Рецензии
Љубовната ролна на Луси и на Феликс се одмотува на идиличниот остров Принц Едвард. Овој малечок остров, со огнени кражбрежја што црвенеат под врелите бакнежи...
30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.56 MB