Рецензии

„Дивиот мрачен брег“- Семиња одгледани во емоционална Пангеја

25.07.2026.
„Дивиот мрачен брег“- Семиња одгледани во емоционална Пангеја
„Дивиот мрачен брег“- Семиња одгледани во емоционална Пангеја

„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано созреаниот Орли, читателот станува интимен соучесник во тензијата на Ширвотер. Импресивна е  заблудата на човечкиот род  пришиена со умислата дека ќе го спаси светот, додека, од друга страна, подметнува експлозиви во пукнатините на земјата. Шарлот Меконаги ги присвојува илузиите на микроскопската апокалиптична средина, поставена помеѓу темелите на природното беззаконие, каде што правото не значи и обврска.

Ширвотер, остров помеѓу Танзанија и најстудениот континент на планетата, е во улога и на сценографија и на карактер, див, нескротлив, ранлив, токму како и жителите што ги чува и чии тајни ги пушта со секој хектар изгубен под ледената прекривка на Јужниот Океан. Ваквата дихотомија нималку не го нарушува духот на структуралната решетка — климатска фикција, мистерија и „затворена соба“ трилер.

Еден ден телото на Роуан е извлечено од океанот по морска несреќа. Сопатникот од чамецот веројатно не преживеал. Таа е спасена од четиричлено семејство, од самохран татко што како домар престојува на островот. Се чини необично и чудно, Доминик/Дом не бил дел од научната експедиција, а сепак се решил на таков екстремен и радикален чекор — да ги изолира децата на остров што секој ден тоне. Климата е сурова, но наградува со глетки, па, и се чини, и со животна лекција. Но, што крие Роуан? Која е вистинската причина зошто дошла на островот и замалку го изгубила животот? Што крие Дом? Кој татко би отуѓил двајца тинејџери и школско дете од цивилизацијата? Чија е крвта во една од куќичките?

Очајот е најскапата намирница што семејството Слот ја одгледува надвор од семенската архива. Семето на љубовта , на довербата и на надежта, се емоции што полека изумираат под прогон на стравот и на неизвесноста. Секој од нив е со болка и со потрага по утеха.Орли копнее по социјализацијата, Фен да ја откопча кошулата на пубертетот, а Раф е благословен што природата не дискриминира. Само Доминик доминира над болката што не ја надминал, така што се деперсонализира во нејзините мрачни ходници, живее орфеистички, со сликата и со идеалот на починатата сопруга, предолго прилепен за негацијата. Во романот е изградена интересна динамика на групата „преживеани“ на Ширвотер. Идејата за островот настанала по најголемата банка на семиња сместена на Свалбард, а раскошноста и описите по пандан на островот Маквари.

Пред сè, Меконаги претставила и емоционална дивина, самохран татко што се обидува да ги заштити децата по секоја цена, дури и ако тоа значи социјална и географска изолација. Од друга страна, тука е и Роуан, мистериозна, своеволна и тврдоглава, жена што се одрекува од биолошкиот потенцијал да стане мајка затоа што смета дека светот е доволно сурово место.

Петтемина се како далечни континенти, споени во Пангеја само преку траумата, тагата и единствената цел да го спасат човештвото, така што ќе ги спасат семињата презервирани во банката. Преку ваквиот чин не се обидуваат да ги спасат изумрените видови само физички туку и тие воскреснуваат душевно—со помош на љубов и на доверба, семиња што мислеле дека ги закопале во минатото.

 

 Јована Матевска Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
02.
May.
Рецензии
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат...
03.
Apr.
Рецензии
Роман што живее долго во вашата потсвест како дел од преживеаната популација по ковид-пандемијата, и отвора теми што ќе ви бидат интригантни за истражување.&...
23.
Mar.
Рецензии
Стела Хадсон е АНИ- адвокат за најдобар интерес, специфична професија во која целосно се впуштила по преживеана лична траума.
14.
Mar.
Рецензии
Никогаш доста од книги што ја слават женската сила! Првата книга е за генијалноста зад убавината, а втората за генијалноста зад генијалецот. Авторката Мери Б...
31.
Jan.
Рецензии
Во „Хамнет“ Меги ОʼФерел не го деградира големиот поет и драматург, туку го намалува неговото значење, го приземјува генијот до човек.
24.
Jan.
Рецензии
Брутална и освестувачка, Серл со „За пет години“ излегува од лајсната на жанрот и упатува моќна порака: „Живеј со полна пареа, без каење и ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.02 MB