Рецензии

„Едно златно лето“- Љубов, низводно

22.08.2026.
„Едно златно лето“- Љубов, низводно
„Едно златно лето“- Љубов, низводно

Берис Беј. Магично гратче во Онтарио сместено покрај езерото Каманискег, вечен споменар на децата и на тинејџерите: врежани иницијали на клупи и на стебла, миризба на на бор и на тиња што кожата одбива да го заборави. Неколку години по бурното продолжение на Сем и на Перси, Чарли Флорек останал најголемиот заводник на истокот од Канада.

Алис Еверли е фотографка од Торонто со единствена цел да го помине летото со баба си Нан во куќичката во Берис Беј. Нема големи очекувања, само мирно „пензионерско“ лето што планира да го помине низ леќата на својот фотоапарат. Без предупредување e фатена во костец со голема неволја кога ќе го запознае Чарли. Чарли е ројал-флaш, добитна комбинација од генетика, шарм и остроумност. Природата не штедела да создаде порочност во неговото тело и дух. Иако ја знае легендата за него и за армијата скршени срца што го проколнуваат, Алис не останува имуна. Полека развиваат интензивна врска скриена зад превезот на пријателството. Чарли игра топло-ладно, така што ѝ ги изострува видиците на Алис, која половина живот , а особено пубертетот, го поминала стегната во кутијата на изборите „правилно“ и „дозволено“. Чарли е нејзиниот задоцнет пресврт.

Алис го презрела, таа го познава. Гледа зад маската на дечко што умее да понуди секс, не и љубов. Нема доброволна одбранбеност за да му одолее и преставена е единствено како пријателка, но Алис не се откажува. Колку емоционалната дистанција и резигнираноста се подлабоки, Алис гради поцврст мост помеѓу двајџата. Мистериозниот Чарли Флорек крие тајна што ќе ја разниша кристалната доверба. Или ќе ги натера да се погледнат без да ги ограничува стравот од иднината, како што гледаат во фотографијата што ги спојува приказните на двајцата браќа Флорек и Берис Беј. Еден жолт чамец, тројца на фотографијата и девојче зад објективот на Канон.


Што да правиш во Берис Беј со Чарли Флорек?

  1. Вози се во фамозниот жолт чамец.
  2. Купувај во Стедманс..
  3. Пиј чај со Нан и Чарли.
  4. Вози се во џет- ски.
  5. Кисни во езерото сѐ додека не ти се згужва кожата.
  6. Помини страсна ноќ во куќичката на дрво.
  7. Патувај до Отава за да споиш стари пријатели.
  8. Пливај гола во ноќната зеница на езерото.
  9. Развиј ги сите спомени во темната комора на средното училиште.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Aug.
Рецензии
Љубовната ролна на Луси и на Феликс се одмотува на идиличниот остров Принц Едвард. Овој малечок остров, со огнени кражбрежја што црвенеат под врелите бакнежи...
30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
02.
May.
Рецензии
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат...
03.
Apr.
Рецензии
Роман што живее долго во вашата потсвест како дел од преживеаната популација по ковид-пандемијата, и отвора теми што ќе ви бидат интригантни за истражување.&...
23.
Mar.
Рецензии
Стела Хадсон е АНИ- адвокат за најдобар интерес, специфична професија во која целосно се впуштила по преживеана лична траума.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.16 MB