Рецензии

„Заплет“ - Прегорените жици на инспирацијата

21.06.2026.
„Заплет“ - Прегорените жици на инспирацијата
„Заплет“ - Прегорените жици на инспирацијата

Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осмелува да говори јавно и без ублажување за манијата на пишувањето како директна последица на желбата да се биде плодотворен и читан автор. Пишаниот збор е состојба еквивалетна на зависност без разлика дали се консумира само преку читање или преку создавање.

Џејкоб Финч Бонер е писател со исцрпен резервоар на инспирација што поминува на стара слава. Кога на колеџот Рипли, на неговата програма за креативно пишување, ќе се запише и арогантниот Еван Паркер, фалејќи се со заплет што толку таинствено го крие, a имајќи ја во предвид писателската параноја, Џејкоб е обземен. Целото внимание го насочува да го дознае совршениот заплет на  Еван и конечно успева да го изманипулира. Заплетот е извртен, необичен, чуден! Во Џејкоб пука капсулата на завист и полека се разлева. Гледајќи го Еван, кој воопшто не се вклопува во профилот на талентиран писател и споредувајќи се себеси, писател што очајно се обидува да опстои помеѓу големите имиња што го туркаат од редот, Џејкоб паѓа во транс од очај и голема фрустрација. Барем додека не поминат години и кога ќе сфати дека Еван е сѐ уште анонимец, а подоцна и кога во неговата посмртница ќе дознае зошто не успеал да лансира го лансира долгоочекуваниот роман.

Мал момент на морално колебање и Џејкоб го присвојува заплетот што ветува инстант бестселер. На крстосницата да го закопа заплетот засекогаш со Еван или да го воскресне под сопствена амбалажа тој се разубедува дека никому нема да наштети со одлуката. Ниедно нечесно дело не поминува неказнето. По неколку безгрижни години од сензационалното објавување на романот со едноставен наслов “Измама” ( што донекаде е проекционо признавање за измамата што и самиот ја извршил ) Џејкоб добива закани по имејл дека тој е измамник што го украл заплетот. Испраќачот ветува дека ќе го разоткрие. Дали Џејкоб е подготвен да изгуби сѐ—репутацијата, љубовта и мултимилионерскиот договор за филмска адаптација и режија на Спилберг? Принуден е да се впушти во истрага по сопствено сценарио и да открие кој бил Еван Паркер, дали заплетот е плод на фантазија и писателски вознес или во него се крие траорно искуство?

Јована Матевска-Атанасова

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
02.
May.
Рецензии
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат...
03.
Apr.
Рецензии
Роман што живее долго во вашата потсвест како дел од преживеаната популација по ковид-пандемијата, и отвора теми што ќе ви бидат интригантни за истражување.&...
23.
Mar.
Рецензии
Стела Хадсон е АНИ- адвокат за најдобар интерес, специфична професија во која целосно се впуштила по преживеана лична траума.
14.
Mar.
Рецензии
Никогаш доста од книги што ја слават женската сила! Првата книга е за генијалноста зад убавината, а втората за генијалноста зад генијалецот. Авторката Мери Б...
31.
Jan.
Рецензии
Во „Хамнет“ Меги ОʼФерел не го деградира големиот поет и драматург, туку го намалува неговото значење, го приземјува генијот до човек.
24.
Jan.
Рецензии
Брутална и освестувачка, Серл со „За пет години“ излегува од лајсната на жанрот и упатува моќна порака: „Живеј со полна пареа, без каење и ...
17.
Jan.
Рецензии
Најновото остварување „Атмосфера“ на Тејлор Џенкинс Рејд е можеби најкомплексното во нејзиното досегашно творештво.
27.
Dec.
Рецензии
Париз. Шарен, занесен, епицентар на мода, гастрономија и архитектура, Ајфеловата кула и Монмартр, кроасани, јазикот на љубовта, но и на многу скриени злостор...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.08 MB