Ново

Книжевна препорака: Топ 5 нови романси од „Арс Ламина“ за ова лето

10.07.2026.
Книжевна препорака: Топ 5 нови романси од „Арс Ламина“ за ова лето
Книжевна препорака: Топ 5 нови романси од „Арс Ламина“ за ова лето

Летото е создадено за читање. Долгите, топли денови, мирисот на море, на планина или на градските тераси се совршена можност да се изгубите во добра книга. А кога станува збор за летно читање, романсите се секогаш меѓу омилените жанрови – приказни исполнети со љубов, си силни емоции, со неочекувани пресврти и со ликови што долго остануваат во сеќавањето.

Ако сте во потрага по нова книга што ќе ви го разубави летниот одмор, ви препорачуваме пет нови романси во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Станува збор за светскиот бестселер „Срце, љубовникот“ од американската авторка Лили Кинг, позната и по „Писатели и љубовници“; за два романи од канадската писателка – кралица на летните романси, Карли Форчан: „Ова лето ќе биде поразлично“ и „Едно златно лето“;  за романтичната комедија „Случајно Ејми“ од Лин Пејнтер; како и за „Како да завршиш љубовна приказна“ од Јулин Куанг.

Во продолжение прочитајте ги кратките описи и нурнете во овие пет незаборавни љубовни приказни.

„Срце, љубовникот“ – Лили Кинг

На последната година од студиите, една студентка влегува во светот на двајца неразделни пријатели и открива љубов, пријателство и интелектуална страст. Но сложениот љубовен триаголник и изборите што ќе ги направат ќе ги следат со години. „Срце, љубовникот“ е емотивен роман за љубовта, за простувањето и за силата на минатото.

Светскиот бестселер и една од најдобрите книги во 2025 година, „Срце, љубовникот“ – Лили Кинг, е емотивна и интелигентна приказна за љубовта, за пријателството и  за спомените што нè следат низ животот.

„Ова лето ќе биде поразлично“ – Карли Форчан

Луси се вљубува во Феликс, но тој е брат на нејзината најдобра пријателка – врска што никогаш не би била одобрена. Иако постојано си ветуваат дека ќе се држат настрана еден од друг, секое враќање на Островот Принц Едвард повторно ги спојува. Дали конечно ќе си дозволат да ја следат љубовта?

„Едно златно лето“ – Карли Форчан

Фотографката Алис се враќа во Берис Беј со својата баба, надевајќи се на мирно лето. Наместо тоа, повторно го среќава Чарли – момчето што некогаш го фотографирала, а денес е шармантен маж што ја гледа подобро отколку што таа самата се гледа. Нежна и романтична приказна за вторите шанси и за љубовта што доаѓа кога најмалку ја очекуваме.

„Случајно Ејми“ – Лин Пејнтер

Една мала лага околу украдено кафе ја воведува Изи во низа комични и романтични ситуации. Кога ќе открие дека мистериозниот згоден непознат е нејзиниот нов шеф, станува јасно дека меѓу нив искрите ќе бидат неизбежни – и на работа, и надвор од неа.

„Како да завршиш љубовна приказна“ – Јулин Кунанг

Двајца писатели со болно заедничко минато повторно се среќаваат како сценаристи на иста ТВ-серија. Додека старите рани повторно се отвораат, тие добиваат можност да напишат ново поглавје – не само во кариерата, туку и во сопствените животи.

Книгите се достапни во сите поголеми книжарници и онлјан преу www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.9 MB