Блог

Блог

„Варшава го исцртува Скопје“ е книжевен филигран од кој скопјани ќе дознаат многу нешта за својот град
24.
Jul
Книгата „Варшава го исцртува Скопје“ е на попуст од 20 отсто за онлајн-нарачките на www.literatura.mk , од 24 до 30 јули.  Станува збор за уникатно издание на „Бегемот“, кое доби и неколку награди и признанија за дизајн, меѓу другото и на Саемот на книгата 2024 година
„Вистините во кои веруваме“ – патот на Камала Харис од дете на имигранти до кандидатка за прва претседателка на САД
24.
Jul
Нејзината импресивна приказна ја раскажува во биографската книга „Вистините во кои веруваме“, која на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за мемоари во кои таа зборува за предизвиците со кои се соочувала како дете на имигранти, но и на патот до силен играч на политичката сцена.
Светот одбележува 125 години од раѓањето на Ернест Хемингвеј
21.
Jul
Со книжевни настани во библиотеки, книжарници и културни институции во светски рамки деновиве се одбележуваат 125 години од раѓањето на големиoт американски писател – Ернест Хемингвеј. Книжевници, студенти и љубители на неговиот лик и дело, ќе учествуваат на обуки за творење, читање на помалку познати поетски творби, изложби на лични предмети и фотографии, но и на натпревари во пишување, риболов и избор на негов двојник.
По романот „Семејни тајни“ снимена серија со Анет Бенинг и Сем Нил
20.
Jul
Јаболкaтa никогаш не паѓаат далеку од дрвото... Со ова поговорка совршено се објаснува дејството на романот „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти. Но, тоа е и одличен опис и за серијата снимена по приказната во книгата.
Топ 5 романи за млади со кои ќе заминете на незаборавна книжевна авантура ова лето
19.
Jul
Ви претставуваме избор со топ 5 книги што ги препорачуваме за сите млади читатели за ова лето, кои ветуваат возбудливи и незаборавни авантури.
„Враќањето на Шерлок Холмс“-Нервот на детективскиот роман
04.
Jul
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш, но можеби најсилно во своето творештво ја докажува уникатноста на неговите идеи кои се косат со логиката, па и менталната гравитација.
НАСКОРО:  „Том Лејк“ од Ен Пачет – топла и емотивна приказна за семејството, љубовта и созревањето
01.
Jul
Една од најочекуваните книги оваа година, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, наскоро ќе излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот дебитираше на првото место на листата бестселери на фикцијата на „Њујорк тајмс“ и се најде во топ изборот на клубот на читатели на Рис Витерспун.
„Семејни тајни“ од Лијан Моријарти е нов возбудлив трилер што отвора морални дилеми
01.
Jul
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со Анет Бенинг, Сем Нил, Џејк Лејси и Алисон Бри во главните улоги. Од авторката на бестселерите „Девет совршени туѓинци“, „Три желби“ и „Последната годишнина“, Лијан Моријарти.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.35 MB