Блог

Блог

НАСКОРО:  „Том Лејк“ од Ен Пачет – топла и емотивна приказна за семејството, љубовта и созревањето
01.
Jul
Една од најочекуваните книги оваа година, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, наскоро ќе излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот дебитираше на првото место на листата бестселери на фикцијата на „Њујорк тајмс“ и се најде во топ изборот на клубот на читатели на Рис Витерспун.
Истакнатиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина на 88 години
01.
Jul
Големиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во Тирана, од срцев удар, на 88-годишна возраст. Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари 1936 година. Го сметаат за еден од најголемите европски писатели и интелектуалци на 20 век и за универзален глас против тоталитаризмот. Покрај тоа што беше истакнат романсиер, есеист и драмски автор, беше и академик, политичар, поранешен пратеник и потпретседател на партијата Демократски фронт.
НАСКОРО: Бестселерот „Само ова лето“ од Аби Хименез е романса што ќе се чита многу лета
01.
Jul
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за инстант-бестселер број 1 на „Њујорк тајмс“, кој влезе и во изборот на клубот на читатели на „Добро утро Америка“. Магазинот „Ел“ објави дека „оваа духовита, ром-ком книга е идеално четиво за на плажа“.
„Мала книга за лике“ од Мајк Викинг открива зошто Данска важи за најсреќна земја на светот
01.
Jul
Од авторот на меѓународните бестселери „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат книгата „Мала книга за лике: данската потрага по најсреќните луѓе на светот“. Книгата на македонски јазик, како и претходните две дела на Викинг, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Книжевно летно освежување од „Арс Ламина“
29.
Jun
Летниот одмор не може да се замисли без добра книга. Книгите се одлична придружба во летните денови, поминати под сенката на плажа, во ладовина на планина или за време на долгите патувања. Разладете се овие жешки денови со книжевното освежување од „Арс Ламина“.
„Книга за Петре“ со книга од Петре во „Литература.мк“
25.
Jun
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски,од денеска (25.06) до недела (30.06), во книжарниците на „Литература.мк“, со секоја купена „Книга за Петре“ ќе следува подарок книга од Петре М. Андреевски. 
„Земи здив, нурни во добра книга“ со попусти до 60 отсто
10.
Jun
Под слоганот „Земи здив, нурни во добра книга“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува својата летна продажна акција што ќе трае од 10 јуни до 10 јули. Во рамките на акцијата, која се реализира во сите поголеми книжарници, „Литература.мк“ и онлајн на https://www.literatura.mk/proizvodi/popusti  ќе има попусти до 60 %
Фузија од литература, уметност и музика на четвртата недела на „Видик“
07.
Jun
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.35 MB