Блог

Блог

Книжевноста во чест на Светскиот ден на театарот
27.
Mar
Во чест на Светскиот ден на театарот со книгите, потсетуваме на три значајни книги, кои се достапни во книжарниците „Литература.мк“:  монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ од  Ана Стојаноска, „Театарот и актерите од сосема друг агол“ од Нада Поп-Јорданова и „Да се почне одново“ од Драган Клаиќ. 
За овој Први април стани херој и „Влези во легендите“!
26.
Mar
Под слоганот „Влези во легендите“, од 26 март до 1 април ќе биде активна новата акција на „Литература.мк“ со намалување од 20%, во која сите љубители на легендарните авантури може да си ги набават потребните колекционерски дрвени и кожни реквизити, вешто креирани по мерка на фантазијата. Германскиот бренд за играчки VAH ексклузивно е достапен во понудата на „Литература.мк“, со квалитетни играчки од природни материјали,  изработени со посебно внимание на деталите. Нивната традиционална изработка ја оживува историјата.
Со едицијата „Порта Европа“ го одбележуваме Денот на европските автори
25.
Mar
Со книжевната едиција „Порта Европа“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го одбележуваме Денот на европските автори, кој се прославува на 25 март, втора година по ред.    
Светот на Pokémon оживеа во „Литература.мк“
25.
Mar
Светот на Pokémon оживеа во Скопје! Како на светските собири посветени на мегапопуларната јапонска анимирана франшиза, „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во саботата (23 март) неколку часа беше епицентар на феноменот Pokémon. Неколку стотици македонски фанови, од повеќе генерации, беа дел од првиот официјален Pokémon-настан во нашата земја, кој „Литература.мк“ го организираше во соработка со „Комикс“ и „Пагода“.
Зорка Тодорова-Младеновиќ креираше книжевен времеплов на костимот
22.
Mar
Неизбежна литература за секој што се занимава со модата, но и како задолжителен учебник за секој студент на моден дизајн. Вредна документација на идентитетот на нашиот народ. Книгата е од големо значење воопшто за културата на костимот кај нас.
Новиот воспитно-образовен комплет „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска треба да го има во секоја училница и библиотека
21.
Mar
Со мисија да им помогне на децата во првите чекори во самостојно читање, како и да даде значајна поддршка на наставниците за време на часовите, професорката по одделенска настава Деспина Мукоска го креира проектот „Мојата прва библиотека“. Новиот воспитно-образовен комплет со 31 книга за почетно читање, е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Изданието за деца е илустрирано од Калиопи Трпчева.
Новиот едукативен комплет „Мојата прва библиотека“ ја поттикнува љубовта на децата кон читањето
20.
Mar
Новиот едукативен комплет „Мојата прва библиотека“ од авторката Деспина Мукоска, со илустрации на Калиопи Трпчева, ќе биде промовиран денес, 20 март (среда), во 13:30 часот,  во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“. Промотори на изданието за деца ќе бидат проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, проф. д-р Јасмина Делчева-Диздаревиќ и Владанка Д. Миче, а во улога на модератор ќе биде Татјана Димовска-Атанасова.
Прв официјален Pokémon-настан за македонските фанови во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“
15.
Mar
Книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ ќе биде домаќин на првиот официјален Pokémon-настан во нашата земја, кој ќе се одржи на 23 март (сабота), со почеток во 18 часот. Исто така, почнувајќи од 15 март, ќе има 20% попуст за онлајн-нарачките на дел од производите.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 23.28 MB