Литература

Книжевна велигденска кошница со изданија за деца од „Арс Ламина“

02.05.2024.
Книжевна велигденска кошница со изданија за деца од „Арс Ламина“
Книжевна велигденска кошница со изданија за деца од „Арс Ламина“

Книгите се најубавиот и највреден подарок. Преку нив, децата го сознаваат светот, ја развиваат фантазијата, учат, но и се забавуваат... Овој празничен период развеселете ги своите најмили со најшарените велигденски изданија за деца.

Наполнете ја книжевната велигденска кошница со сликовници, книги и боенки, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, чии приказни и илустрации се поврзани со симболите на овој празник: јајца, пилиња, зајачиња... Овие изданија носат пораки и поуки што се универзални.

Во продолжение е листата со највеселите велигденски изданија што се достапни во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку  www.literatura.mk.

1. „Гладното пиле“

„Гладното пиле“ е симпатичен авторски проект на една мајка и нејзиното синче. Прво настанале цртежите на седумгодишниот Марко Трајчев, кој најмногу од сè сака да црта животни, бубачки, диносауруси... Во една од тие детски инспирации нацртал неколку цртежи со гладно пиле и бубачки. Неговата мајка Мирјана Трајчева Иванова видела потенцијал во детската фантазија на Марко и се инспирирала да создаде приказна за неговите илустрации. Така се создала една весела, хумористична и забавна приказна за опасното пиле кое шетало гладно низ шумата и ги плашело шумските животни, па дури и тигарот Тара...

Изданието е достапно во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку www. literatura.mk.

https://www.literatura.mk/slikovnici-so-tvrdi-stranici/49261-gladnoto-pile

2. „Дина и Додо: Велигденска потрага“

Преку ова интерактивно издание, „Дина и Додо: Велигденска потрага“, решавајќи ги загатките, децата ќе учат и истовремено ќе се забавуваат за време на празниците. Низ оваа вежбанка, инспирирана од Велигден, децата ќе најдат многу забавни активности и загатки за решавање – од лавиринти и пронаоѓање на различни или исти предмети, цртање од точка до точка, боење, до откривање на скриени предмети и зборови, активности со броење и собирање и судоку загатки! Овие книги се добри за развој на логичките капацитети и способности кај децата, за јакнење на концентрацијата и за поттикнување на детската љубопитност, фантазија и креативност.

Изданието е достапно во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/knigi-so-aktivnosti/29527-dina-i-dodo-kniga-so-aktivnosti-4-veligdenska-potraga

3. Fingerprint Art: EASTER

Поминете незаборавни моменти креирајќи уметност со прстите, наместо со четкички за боење. Во новиот иновативен серијал „Fingerprints art“ („Уметност со отпечатоци од прсти“) во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, вклучени се четири тематски боенки со неколку теми. Изданијата се со цртежи инспирирани од Велигден, природата, летото и Божиќ. Боенката „Fingerprint art: EASTER“, посветена на Велигден, содржи осум интересни цртежи на кои вие и вашите деца можете да создавате уметност со вашите прсти! Цртежите можете исто така да ги исечете и да ги користите како украс на вашиот ѕид. Овие боенки ја зајакнуваат моториката кај децата, развиваат трпение, ја поттикнуваат креативноста и создаваат незаборавни проекти.

Изданието е достапно во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/boenki-i-crtanki/29587-fingerprint-art-easter

4. „Велигденски зајачиња“ – боенка

Забавно-едукативната боенка „Велигденски зајачиња“ изобилува со слатки зајачиња и велигденски јајца ишарани со разни дезени, кои децата, боејќи ги, ќе им дадат уникатен изглед. Ова издание ќе ги поттикнува детската љубопитност, фантазија и креативност. Боенката ќе помогне во развој на моторичките вештини кај децата. Исто така, добра е и за јакнење на концентрацијата кај најмалите. И најважно, со неа најмладите ќе имаат убаво и креативно исполнето слободно време за претстојните празници.

Боенката е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/boenki-i-crtanki/33086-boenka-veligdenski-zajacinja

5. „Три шарени јајца и една лоша маца“

Оваа картонска сликовница е симпатичен подарок за најмладите. Преку интересните и вивидни илустрации децата ќе ја развијат својата имагинација. Читајте заедно и поставувајте им прашања. Потоа можете да ги нацртате шарените јајца и да ја раскажете приказната на свој начин. Во меѓувреме, откријте што се случува кога една лоша маца ќе наиде на три шарени јајца?

Изданието е достапно во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/slikovnici-so-tvrdi-stranici/10738-tri-sareni-jajca-i-edna-losa-maca

6. „Мистериозното јајце“ од Оливер Коларевски

Книгата за деца „Мистериозното јајце“ од авторот и илустратор Оливер Коларевски претставува современа бајка во која љубопитноста и фантазијата се основен двигател. Книгата покажува колку различни погледи и очекувања можат да имаат луѓето за иста работа, благодарение на својата фантазија. Приказната почнува кога најдобрите другарчиња Дени, Лука, Ана и Оливер пронаоѓаат едно џиновско и крајно мистериозно шарено јајце. Што ли се крие во него? Секое од децата замислува што би можело да има во јајцето, а Оливер си мечтае дека во него има малечко розово слонче. Слонче? Па, кој слушнал слонче да излезе од јајце? Слончињата не се раѓаат од јајца, за разлика од птиците, кокошките, диносаурусите и змејовите. Како ли ќе се разреши оваа голема мистерија и што навистина се крие во јајцето?

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/slikovnici/26519-misterioznoto-jajce

7. „Приказната за зајачето Питер“ од Беатрикс Потер

Oваа книга ги следи доживувањата на малото немирно зајаче Питер, кое се протнува во градината на господинот Мекгрегор, па почнуваат да му се случуваат секакви неволи. „Приказната за зајaчето Питер“ е една од оние безвремени книги што повеќе од сто години ги плени срцата на децата ширум светот. Следуваат и „Приказната за Бенџамин Зајчевски“ – приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин. Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка.

Изданието е достапно во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/slikovnici/12132-prikaznata-za-zajaceto-piter

8. „Приказната за Бенџамин Зајчевски“ од Беатрикс Потер

Ова е приказна за братучедот на зајачето Питер – Бенџамин. Во оваа приказна Беатрикс Потер раскажува за авантурите на овие две зајачиња во градината на господинот Мекгрегор и што се случува кога ќе се сретнат со една мачка!

Оваа и другите книги од култната авторка Беатрикс Потер на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина – публикации“, се достапни во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

.

https://www.literatura.mk/slikovnici/12129-prikaznata-za-bendzamin-zajcevski

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
249 МКД
4,03 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
68 МКД
1,10 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
118 МКД
1,91 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
118 МКД
1,91 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
118 МКД
1,91 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
180 МКД
2,91 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Литература
Не се согласувам, зборуваше Олга, сакам да се вратам во сонот и да се разбудам во некое друго утро, а луѓето трчаа низ правта што стануваше сè полесна...
26.
Jul.
Литература
Денеска одбележуваме 61 година од разорниот скопски земјотрес. Историјата, луѓето, архитектурата и населбите на Скопје се проткаени низ повеќе книги во издан...
26.
Jul.
Литература
За кратко време сите излегоа надвор. Децата беа по гаќи и по маица, таа по ноќница, а тие двете, двоглавата змија, стуткани до своите мажи, беа без шминка, б...
25.
Jul.
Литература
Во пресрет на почетокот на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз, се потсетуваме на успесите на нашите спорти...
24.
Jul.
Литература
Нејзината импресивна приказна ја раскажува во биографската книга „Вистините во кои веруваме“, која на македонски јазик е во издание на „Арс...
21.
Jul.
Литература
Со книжевни настани во библиотеки, книжарници и културни институции во светски рамки деновиве се одбележуваат 125 години од раѓањето на големиoт американски ...
19.
Jul.
Литература
Ви претставуваме избор со топ 5 книги што ги препорачуваме за сите млади читатели за ова лето, кои ветуваат возбудливи и незаборавни авантури.
04.
Jul.
Литература
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш...
01.
Jul.
Литература
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со А...
01.
Jul.
Литература
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.69 MB