#Bookstagram

Средбата со Сара Пеканен во Offline Book Club ќе ја паметам долго

29.07.2026.
Средбата со Сара Пеканен во Offline Book Club ќе ја паметам долго
Средбата со Сара Пеканен во Offline Book Club ќе ја паметам долго

Јована Андовска (26) од Велес е книгољубец веќе три години и читателка што ужива во речиси сите жанрови од жанровската литература. На букстаграм се претставува како @b00kish_adventures, каде што го документира своето книжевно патување – од првите љубовни романи до истражување на нови книжевни светови. Она што започнало како лична љубов спрема читањето, со текот на времето прераснало во простор за споделување, за препораки и за книжевна инспирација.

Како започна твојата букстаграм-приказна?

Јована: Во 2023 година започнав со читање, си читав редовно од библиотека и еден од првите жанрови во кои се вљубив беше романсата. Имав момент во своето патување каде што сакав повеќе да истражувам низ други жанрови, па така се роди идејата да го документирам своето книжевно патување, а потоа прерасна во нешто повеќе.

Која беше првата книга што ја прочита по сопствен избор и сè уште ја паметиш? – Јована:  „Девојката од мочуриштето“, врвна книга со исто толку врвна филмска адаптација!

Што те натера да се вљубиш во читањето?

Јована: Емоциите што ми ги пробуди, како и патувањето што ми го понуди приказната.

Кој жанр најмногу го сакаш и зошто?

Јована: Романсата со сите субжанрови, заради емоциите што ми ги буди, темите што ги отвара, како и среќните краеви.

Дали книгите ги купуваш импулсивно или имаш однапред подготвена листа за читање? Јована:  Однапред подготвена листа.

Kолку книги има во твојата домашна библиотека и кој е твојот омилен агол за читање?

Јована:  Мојата библиотека има околу 118 книги, а омилен агол ми е на  удобен кревет.

Која книга најмногу те трогнала/ терасплакала?

Јована: „Жените“ од Кристин Хана, од почетокот до крајот.

Која книга ти помогнала да поминеш низ тежок период во животот?

Јована: „Завладејте со своите емоции” од Тибо Морис.

Кој книжевен лик најмногу потсетува на тебе?

Јована:  Карактерно, дефинитивно Стиви од „Високо во облаците”, но, според пријателка - главниот лик од „Ереб” – како љубител на видеоигри.

Ако можеш да живееш еден ден во светот на една книга, која би ја избрала?

Јована: „Пред да се излади кафето” од Тошиказу Кавагучи.

Дали некогаш си прочитал/а книга што целосно ти го променила начинот на размислување? Која?

Јована:  Конкретно не можам да издвојам некоја книга, буквално сите што ги читам постепено ме менуваат во некоја подобра верзија од себеси.

Кога последен пат затвори книга и остана без зборови?

Јована:  Овој февруари, кога ја читав „Оркански висови” од Емили Бронте. Уште сум во шок од таа книга.

Која книга би сакала да ја прочиташ повторно за првпат?

Јована: „Девојката од мочуриштето“, едноставно за да ја погледнам со „нови очи“ приказната порадикоја се заљубив во читањето.

Што повеќе сакаш – прво да ја прочиташ книгата или прво да го гледаш филмот?

Јована:  Прво книгата.

Која екранизација најмногу те разочарала?

Јована: „Dracula: A love tale”, целосна утка.

OFFLINE BOOK CLUB

Во колкава мера Offline Book Club ги исполнува твоите потреби за книжевно дружење и за размена на мислења?

Јована:  Во голема мера.

Што најмногу ти се допаѓа кај средбите на клубот?

Јована: Искреноста, слободата. Секој го споделува своето мислење без задршка и нема никаква осуда од другите.

Дали клубот те поттикна да читаш книги што инаку не би ги избрала?

Јована: Апсолутно, се прошируваат гледиштата преку дискусиите и потсвесно те поттикнуваат да излегуваш од комфорна зона.

Како членувањето во клубот го промени твоето читателско искуство?

Јована: Благодарение на клубот, една книга е „соголена” до срж. Би рекла дека сега повеќе трагам по она скриено значење.

Што значи за тебе да разговараш за книги со луѓе што ја делат истата страст?

Јована: Сѐ! Гледаш различни гледишта преку кои се дава дополнителен пулс на книгата, а и честопати учиш нешто ново.

Кој момент од Offline Book Club by Ars Lamina најмногу ти останал во сеќавање?  

Јована: Ексклузивната средба со Сара Пеканен.

Што би му порачала на некој што размислува да се приклучи на клубот?

Јована: Не размислувај! Отиди, види, сам/а ќе сакаш да останеш.

БРЗИ ПРАШАЊА

Физичка (од хартија) или е-книга? – Физичка.

Обележувач или свиткано ќоше? – Обележувач.

Кафе или чај додека читаш? – Кафе.

Една книга или неколку паралелно? – Една книга.

Книжарница или библиотека? – И двете.

Купување книги или добивање книги на подарок? – Купување.

Омилена полица во домашната библиотека? – Средишните порадифокусот.

Книга што никогаш нема да ја позајмиш на никого? – Не постои таква, секогаш имам исклучок.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

23.
Jul.
#Bookstagram
За Гоце Делчев се напишани многу историски книги, студии и биографии во кои се претставени неговото дело, идеалите и револуционерниот пат. Но, без амбиција д...
22.
Jul.
#Bookstagram
Симона, која работи како софтверски инженер, а е страствен читател по душа, ја создава својата мала дигитална библиотека на инстаграм-профилот @simonas_libra...
22.
Jul.
#Bookstagram
За себе вели дека е вечен љубител на организација, на решавање предизвици и на добра книга. Во свет исполнет со рокови, со задачи и со мали хаоси што бараат ...
19.
Jul.
#Bookstagram
За Кристина Ристовска, љубовта кон книгите започнала покрај нејзината мајка, со посетите на саемите на книга, со полните кеси со нови наслови и со долгите ра...
15.
Jul.
#Bookstagram
Во светот на социјалните мрежи во којсодржината често е брза и минлива, постојат профили што создаваат простор за подлабоко читање, за размислување и за искр...
05.
Jul.
#Bookstagram
Мери Крстевска е личност што живее во интересен баланс меѓу светот на бројките и меѓу светот на буквите. Работи со финансии, но однатре е вљубена читателка, ...
20.
Jun.
#Bookstagram
Во свет каде што книгите сè почесто добиваат нов живот преку социјалните мрежи, книжевните заедници стануваат важен дел од современата читателска култ...
13.
Jun.
#Bookstagram
Постојат приказни што прво се читаат, па потоа се гледаат - и такви што засекогаш остануваат некаде меѓу страниците и филмското платно. Токму во тој простор ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.21 MB